Ирис Апартмани

Ирис Апартмани – Пефкохори

Ирис Апартманите се наоѓаат во самиот центар на Пефкохори во непосредна близина на многубројни продавници, маркети, пекари и слично, и се одалечени од плажа околу 120 метри. На располагање се девет потполно опремени Апартмани предвидени за 4 лица, секој со површина од 38 квадрати со посебна спална соба со два кревета, опремена кујна во која се наоѓа софа која се извлекува во кревет за две лица, тоалет, тераса, AC и TV. За гостите е обезбеден паркинг пред самите апартмани во дворот на куќата. Апартманите се препорачливи за фамилии со деца поради тоа што располагаат со двор. Пет апартмани се во приземје додека четири се на спрат.

Во цената е вклучено користење на клима уред, освен полето со *

- Две деца над 12 години со двајца возрасни - цена 1/4

- 1/3 и 1/4 апартмани со одвоена спална соба од салонот и кујната

- Гостите превземаат исчистена соба и во текот на престојот се обврзани сами да се грижат за хигиената во апартманот

- Секој апартман има комплетно опремена кујна, тераса, клима уред

- Постелнината во апартманите се менува на секој 5ти ден од престојот

- Сместувањето во апартманите е во 14:00, а напуштањето во 10:00 по локално време

- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 МКД)

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

Задолжително патничко осигурување (за лица до 65 години)

Доплата за превоз : возрасни 35 евра; деца од 2 до 12 години 25 евра