Порто Студија - Пефкохори

ВИЛА ПОРТО ПЕФКОХОРИ

СМЕСТУВАЊЕ ВО СТУДИО 1/3

Вилата Порто се наоѓа во најубавиот дел на Пефкохори на одалеченост од само 15 тина метри до широкиот дел на плажата во Пефкохори, и истата располага со седум потполно опремени студија сместени во приземје и на спрат. Штом се излезе од дворт на вилата започнува прекрасно долго шеталиште покрај море, каде ќе најдете и многубројни таверни, продавници, пиљари, дуќани за сувенири и слично. Оваа локација е во центарот на сите збиднувања веднаш до плажата, но сепак нуди мирен и релаксиран одмор во прекрасно опкружување, чуствувајќи го мирисот на морето. Вилата располага со прекрасен двор со многу зеленило, додека плажата е на дваесетина чекори одалечена од вилата. Студијата се потполно нови со нов мебел и вилата е целосно реновирана во 2015 година.

Секое студио во својот состав има три кревети, од кои еден дупли и еден единечен кревет, потполно опремена кујна, тоалет, тераса како и ТВ и клима. Постои можност за користење на заедничка скара во дворот на вилата каде има и клупи за седење и надворешен туш.

 

 

Во цената е вклучено користење клима освен*

- 1/3 студија со кујна, тоалет и тераса

- Гостите превземаат исчистена соба и во текот на престојот се обврзани сами да се грижат за хигиената во апартманот

- Секое студио има комплетно опремена кујна, тераса, клима уред, пешкири

- Постелнината во студијата се менува на секој 5ти ден од престојот

- Сместувањето во студијата е во 14:00, а напуштањето во 10:00 по локално време

- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 МКД)

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

Задолжително патничко осигурување (за лица до 65 години)

Доплата за превоз : возрасни 35 евра; деца од 2 до 12 години 25 евра