СИВИРИ JENNY HOTEL ***

Сивири е мало крајбрежно место на западната страна од полуостровот Касандра. Во последните неколку години, тоа прерасна во развиена културна и туристичка дестинација. Во ова место, освен бројните сместувачки капацитети се наоѓаат и мноштво таверни во кои се служи свежа риба, морски плодови и традиционална скара. Главната културна атракција во Сивири, е обновениот амфитеатар познат и по својата врвна акустика. Со него и самото место, секое лето е домаќин на познатиот фестивал кој привлекува илјадници посетители. Добро организираната плажа е препознатлива по белиот песок совршен за сончање, а на истата можат да се изнајмат и повеќе чадори и лежалки за одмор. Морето е плитко и идеално за безбедно капење. Во Сивири има доволно маркети и продавници, а најблиската банка, аптека и здравствен центар се оддалечени само 5км, во блиската Касандрија.

Локација:
Грција / Халкидики / Касандра / Сивири

Опис:
Хотелот се наоѓа на околу 250м. одалеченост од плажа, околу 100м. од центарот на Сивири. Во близина на хотелот се наоѓа автобуска станица.Во близина на хотелот се наоѓа автобуска станица и супер маркет. Хотелот располага со голем и уреден двор низ кој се распределени неколку сместувачки објекти со 37 соби. На гостите им е овозможено користење на базен, лежалки и чадори покрај базенот кои се бесплатни за користење, бар покрај базенот кој на гостите им нуди можност за освежување, рецепција, реновиран ресторан, бежичен интернет (wi-fi), паркинг… Хотелот особено го препорачуваме за фамилии со деца бидејќи располага со голема зелена површина и паркови, комотни соби, а морето е во непосредна близина.

Сместување:
Конфорните соби се комплетно опремени со бања, Тв, интернет, клима уред и балкон со прекрасен поглед на градините или базенот. Располагаат со еден брачен лежај и два единечни кревети и може да сместат максимум 4 возрасни лица и едно дете под 6год (дели лежај со родители)

Услуга:
полупансион  (појадок и вечера на база шведска маса).

Цените се во Евра, по лице за аранжман од 7 ноќевања, а плаќањето е во денари по курс од 61,8мкд за 1 еур.

Попустите за ран букинг (“Early Booking”)имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен подоле. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПО ПРИЛОЖЕНИТЕ УСЛОВИ ЗА РАН БУКИНГ ПОТРЕБНА Е НЕРЕФУНДАБИЛНА УПЛАТА ОД 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ, А ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА СЕ ВРШИ НАЈДОЦНА 3 НЕДЕЛИ (20 ДЕНА) ПРЕД ДАТУМОТ НА ВЛЕЗ ВО ХОТЕЛ.

15 % за резервации и уплати 100 % до 31.12.2018

10 % попуст за резервации и уплати 100 %  до 31.01.2019

ХОТЕЛ ЏЕНИ - СИВИРИ
ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН ЗА 7 НОЌЕВАЊА
ТЕРМИНИ Полупансиони Во 1/4 стандард соба
18.05-25.05.2019 7 169
25.05-01.06.2019 7 199
01.06-08.06.2019 7 229
08.06-15.06.2019 7 259
15.06-22.06.2019 7 279
22.06-29.06.2019 7 299
29.06-06.07.2019 7 329
06.07-13.07.2019 7 349
13.07-20.07.2019 7 379
20.07-27.07.2019 7 379
27.07-03.08.2019 7 379
03.08-10.08.2019 7 379
10.08-17.08.2019 7 379
17.08-24.08.2019 7 349
24.08-31.08.2019 7 299
31.08-07.09.2019 7 269
07.09-14.09.2019 7 229
14.09-21.09.2019 7 199

 

Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во oбјектот)

Можност за оставање на куферите во хотелот со цел да се искористи последниот ден, фен на барање и книги за читање на англиски, македонски и српски јазик.

 

Во цената Е вклучено:

7 полупансиони (шведска маса), Безжичен интернет, Клима уред, Лежалки на базен, Отворен базен во склоп на хотелот

 

Во цената НЕ Е вклучено:

Превоз, Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа на рецепција во хотелот), Патничко осигурување

 

Напомена:

Цените  се дадени по лице и се однесуваат за услуга Полупансион  за број на ноќевања дадени во табелата.

Прво и второ дете од 0 до 13,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО

Прво и второ дете од 14-15,99 г. со двајца возрасни на редовно легло плаќаат по 30 % од цената во табелата

Трет и четврт возрасен над 16 години, плаќаат по 50% од цената во табелата

Сместување во собите е после 14 часот по локално време а напуштање на собите е до 10 часот по локално време

 

Организираме автобуски превоз со доплата
Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (секоја сабота):

·        03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес  40€ по лице

·        04:00 h Скопје (Дрводекор) 35€ по лице

·        04:30 h Велес (бензинска мотел Македонија) 35€ по лице

·        05:00 h Неготино (бензинска Неготино)  35€ по лице

·        05:00 h Струмица (бензинска Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово 40€ по лице

·        05:40 h Удово (бензинска Удово)  35€ по лице

·        06:00 h Граничен премин (бензинска Шимов)  35€ по лице
Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики:

·        04:00 h Битола (Пред спортска Сала)  35€ по лице

·        03:15 h Прилеп (бензинска Салида) -Трансфер до Битола 30€

·        02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола  35€ по лице

·        02:45 h Кичево (бензинска Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола  35€ по лице

·        02:30 h Охрид (бензинска Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола  35€ по лице

·        03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола  30€ по лице

Попуст за деца:

·        Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10€ од редовната цена

·        Деца до 1,99 години бесплатно
Време на поаѓање од Сивири:

·        13:30 h (локално време )
(можни се доцнења во сезона заради густината на сообраќајот)
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж

 

НАПОМЕНА:

Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервација (имиња, број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената, освен во ситуации кога организаторот  писмено ќе дозволи поинаку.

GPS:40°02’12.8″N 23°21’45.8″E