КАЛАМИЦИ ВИЛА ВРАХОС

Доколку ова лето барате волшебно место за вистински да се одморите, тогаш заминете во Каламитси, скриеното богатство на југоисточниот брег на полуостровот Ситонија. Тоа е најмалото место со најраскошната плажа...место за осамени, романтичари, уморни, заљубени...Има неколку улици, два супермаркети, неколку таверни...нема пошта, нема банка, но има душа и парче убавина подарено од Бога! Ех, Каламитси...Тука животот е безгрижен...тука со денови можете да уживате убаво стокмени во удобните лежалки без да  ви здодее непрегледната морска убавина, со часови да го препливувате сликовитиот залив до малото островче и повторно назад, по илјада пати да ја фотографирате плажата која безмалку како да е безобразно нереална. Од изгрејсонце до неговото потонување во морето цел ден сте на нежниот песок...тука заборавате на будилникот, на стресот околу дневните пазарувања...тука живеете бавно,имате доволно време да им се посветите целосно на своите најмили...да уживате со сите свои сетила... Во Каламитси имате доволно време самите за себе. Подобро место за одмор нема да најдете!

 

Во околината на Каламитси има голем број плажи, од кои Ви ги препорачуваме:  SikiaOrange BeachBanana BeachPorto Koufo… Каламитси е оддалечено 11 километри од Торони, а доколку посакате да го почувствувате ритамот на ноќниот живот во Грција, 15 километри Ве делат од Сарти.

 

Вилата Vrahos се наоѓа на само 20 метри од плажата во Каламитси. Вилата има апартмани на приземје, прв и втор спрат и е градена во традиционален стил, со долги заеднички тераси кои имаат директен поглед кон преубавиот залив. Во сопствен закуп имаме два пространи четирикреветни апартмани на прв и на втор спрат кои се целосно реновирани и одлично опремени. Минатата летна сезона сите наши гости беа презадоволни од овие сместувачки капацитети и условите кои ги имаа за време на своето летување. Апартманите се опремени со квалитетен мебел и кујни, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Вилата има сопствен паркинг, а гостите имаат на располагање заеднички двор на платформа и место за подготвување скара.

-15% попуст за целосна уплата до 27.12.2019

 - Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз 

- Во студијата и апартманите дозволено е сместувања на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети 

-Сместувањето е првиот ден после 14: 00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09:00 часот по локално време 

- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна состојба.

- Ве молиме по напуштање на студијата и апартманите да не оставате неизмиени садови и одпадоци

- Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

 Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот

- Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на соспственикот на вилата на лице место 

- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Last Minute понуда да ги објави и продава останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе бјавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства на име на разлика во цена

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 евра 

- Организиран превоз 

- цена на повратен билет -35 евра , деца до 2 години бесплатно (без седиште) деца од 2- 12 години -25 евра