Јерисос - Вила Мариа

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики, на третиот крак Атос. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami.

Вилата Maria се наоѓа на само 80 од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите имаат опремени кујни кои се целосно издвоени од спалните соби и имаат прозор, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Гостите можат секојдневно да се одмараат во дворот на вилата кој е опремен со пластични маси и да ја користат скарата. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.

 

Вила „Maria” - Јерисос

 

Термин:

 

Ноќевања:

1/2 апартман

1/2+1 апартман

1/4 апартман

1/4 дуплекс

26.05-05.06.2019

10

160

180

210

260

05.06-15.06.2019

10

230

250

280

330

15.06-25.06.2019

10

300

320

350 €

400 €

25.06-05.07.2019

10

350

370

400

450

05.07-15.07.2019

10

400

420

450

500

15.07-25.07.2019

10

450

470

500

550

25.07-04.08.2019

10

450

470

500

550

04.08-14.08.2019

10

450

470

500

550

14.08-24.08.2019

10

450

470

500

550

24.08-03.09.2019

10

400

420

450

500

03.09-13.09.2019

10

300

320

350

400

13.09-23.09.2019

10

220

240

270

320

 

 

-Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз

-Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

-Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!

-Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос

-Тргнување од Скопје во 04.00 часот

-Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра