Неа Скиони - Хотел Crown

Crown Хотел

Лоциран директно на море кај Неа Скиони, Crown Hotel, со неговата единствена положба, нуди многу можности за безбројни активности во текот на цела година. Во топлите летни денови можеме да уживаме на убавата приватна плажа со лежалки и чадори кои што ги обезбедивме за нажите гости.

Во текот на зимата може да се пробаат термалните бањи во Loutra, кои што се оддалечени само 4 км од хотелот. На само неколку чекори се наоѓаат традиционални таверни каде што може да ја пробате традиционалната Грчка кујна, гледајќи на градското пристаниште. Со својата мирна, но сепак динамична околина, Ви гарантираме дека ќе имате пријатен и релаксиран престој.

 

Хотелските соби се од различен вид и со различна големина, и се со цел да се задоволат Вашите потреби. Она што не прави единствени е тоа што секоја соба има непречен поглед на убавото Егејско море. Секоја соба е опремена со ТВ со рамен екран со сателитски канали, приватно купатило, балкон со поглед на морето, мал фрижидер, клима уред и бесплатен безжичен интернет.

Задоволете го гладот и пробајте од chef-d'oeuvre во хотелскиот ресторан, кој нуди Европска и Медитеранска храна. Исто така имаме на располагање пријателски детски оброци. Во барот можете да уживате во разновидни пијалоци, сладолед, кафе и чај во текот на целиот ден. Постојат неколку видови на пансиони од кои што можете да бирате:

ВВ – сместување со појадок

НВ – половина пансион – сместување и вечера

FВ – цел пансион – појадок, ручек и вечера

 

Располагаме со следниве типови на соби:

Стандардна двокреветна соба

Стандардните соби се со голем кревет или два едноделни кревети, во зависност од вашите потреби. Звукоизолирачките прозорци ќе обезбедат добар сон, по долгиот ден на сонце и плажа. Комфорните соби се украсени и во крем тонови. Овие соби имаат можност да се ужива од балкон со поглед кон хотелската градина и Егејското море, како и погледот низ големите прозори. Секоја соба е климатизирана и има ТВ со рамен екран со меѓународни ТВ канали, со голема брзина на wi-fi, софа и пространа гардероба. Бесплатна флаширана вода Ви е достапна по пристигнувањето.

 

Премиум соба

Нашите семејни соби имаат двоен лежај идва посебни кревети за две деца. Собите се наоѓаат на приземје и се насочени кон Егејското море, со прекрасен поглед низ голем прозорец од подот до таванот. Секоја соба е климатизирана и има ТВ со рамен екран со меѓународни ТВ канали, со голема брзина на wi-fi, софа и пространа гардероба. Бесплатно флаширана вода Ви е достапна по пристигнувањето.

 

Четворокреветна соба

Четворокреветната соба е повеќе пространа од било која друга соба. Комбинацијата на дополнителен простор имодерен ентериер обезбедуваат совршен престој за Вашето семејство. Оваа соба е со поглед на Егејското море, низ прозорец голем од подот до таванот. Звукоизолирачките прозорциобезбедуваат добар сон по долгиот ден на плажа. Пространата климатизирана соба се состои од една спална соба со двоен лежај, и друга соба со 3 едноделни кревети. Оваа модерно декорирана соба има ТВ со рамен екран, мини фрижидер, wi-fi. Бањата со туш вклучува и бесплатна опрема за бања. Бесплатно флаширана вода е на располагање по пристигнувањето.