Јаз - Хотел Poseidon

Мирот и тишината кои ви се неопходни, а сепак во непосредна близина на Будва, која е центарот на сите забавни случувања во текот на летните месеци се несекојдневен спој кој ги обединува Хотелот Poseidon на Јаз.

Локацијата на Хотелот Poseidon на Јаз го прави одличен избор за мирен семеен одмор, во уживање на плажата и морето, романтишен одмор со заоѓање на сонцето, но и забавен и динамичен одмор со обиколка на соседните градови, атрактивните делови на Црна Гора. Во непосредна близина на хотелот се наоѓаат и плажите Трстено и Плоче.

Хотелот Poseidon е оддалечен 4,5 километри од центарот на Будва (Стариот град), 13 километри од Тиват и 14 километри од Котор.

GPS координатите на хотелот Poseidon се:  N 42 17.068 E 18 48.436

Хотелот обезбедува бесплатен трансфер на сите гости од и до аеродромот Тиват и автобуската станица во Будва.

Хотелот располага со двокреветни, трокреветни, четворокреветни и петокреветни соби и апартмани. Апартманите се двособни и се состојат од две двокреветни соби или една двокреветна и една трокреветна соба.

Собите и апартманите се пространи, климатизирани, со тераса со поглед на море. Секоја соба или апартман има сопствено купатило, фрижидер, сеф, сателитска LCD ТВ. Повеќето соби и сите апартмани имаат мини кујна. Чистењето на собите и апартманите, менувањето на пешкири и постелнина се дел од секојдневните услуги. Сместувањето во собите и апартманите е удобно и ќе ги задоволи сите ваши потреби.

Ресторанот на Хотелот Poseidon на Јаз е еден од клучните причини поради кои би го одбрале овој хотел. Изграден е во медитерански стил, со простран внатрешен дел.

На гостите од Хотелот Poseidon им стои на располагање хотелската плажа пред хотелот. Во цената на сместувањето вклучен е и најмодерниот мобилијар која гарантира удобност и опуштање.

Плажата на хотелот е погодна посебно за мали деца бидејќи песокот е покриен со мека подлога, која не се загрева при највисоките температури. Влегувањето во море е сигурно, а водата е чиста и прoзирна. На плажата можете да изнајмите педалини, кајаци и скутери.

За вашата безбедност цело време се грижат професионални спасители со лиценца.

Ценовник

Истакнатите цени се на база полупансион, по лице, на ден.

Освен полупансион, гостите можат да изберат ноќевање со појадок или полн пансион.

Полупансионот подразбира доручек и вечера, или доручек и ручек - во зависнот од желбата на гостите. Пансионските појадок и вечера организирани се на принципот шведска маса, додека за пансионскиот ручек гостите бираат некои од јадењата кои се во понуда тој ден.

Ноќевање со појадок е за 7 евра по лице на ден поевтино во однос на полупансионот.

Полн пансион (доручек, ручек и вечера) е за 8 евра по лице на ден поскап во однос на полупансионот.

ПОПУСТИ ЗА ДЕЦА:

Во трокреветните, четворокреветните и петокреветните соби децата имаат попуст на следниве цени:

  • до 2 години: бесплатно
  • 3 и 4 години: -50%
  • 5 и 6 години: -30%
  • од 7 до 12 години: -20%
  • Во двокреветните соби е бесплатно сместувањето на едно дете до 2 години со двајца возрасни

Во двособните апартмани нема попуст за деца доколку во апартманот има 4 особи.

Доколку во двособниот апартман има 5 лица, петото лице има 50% попуст,  без разлика на возраста на петото лице. Доколку пак петото лице во двособниот апартман е дете на возраст до 2 години, во тој случај за петото лице е бесплатно.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Полупансион / Ноќевање со појадок / полн пансион по избор
  • Паркинг место
  • Во цената на сместувањето за секоја од собите вклучен е комплет лежалки (две лежалки и чадор), а во цената за сместувањето на двособниот апартман се вклучени два комплета лежалки (четири лежалки и два чадора)
  • Пропусница за влез на Јаз
  • Трансфер од и до аеродромот Тиват и од и до автобуската станица во Будва
  • Бебешко креветче
  • Бежичен интернет на терасата на ресторанот Poseidon

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Туристичка такса која изнесува 2 евра по лице на ден за лица над 18 години, а за лица од 12 до 18 години по 1 евро на ден. Лицата помлади од 12 години не плаќаат такса.