Индија - Пролет 2019

ИНДИЈА -“ЗЛАТНИОТ ТРИАГОЛНИК” 6 НОЌИ / 7 ДЕНА

ДЕЛХИ - ЏАЈПУР - АГРА - ДЕЛХИ Датум: 31.03.2019 - 07.04.2019

ПРОГРАМА

1 ден (Недела - 31.03.2019) | Скопје - Делхи

Средба на групата на аеродромот во Скопје во претпладневните часови и полетување кон Делхи со едно преместување.

2 ден (Понеделник - 01.04.2019) | Делхи

Пристигнување во Делхи во раните утрински часови по локално време. Пречек од претставник на аеродромот во Делхи и трансфер до хотелот „Crowne Plaza Okhla”. Сместување во хотел, појадок и кратка пауза. Приказната за Индија започнува со посета на гробницата на Хумаун (Humaun Tomb), изградена по наредба на неговата сакана вдовица Хамида Бана Бегум во 1562 година и траела 8 години. Оваа гробница има слична архитектонска градба како познатиот Таџ Махал. Разгледот продолжува во новиот дел на градот, познат како “New Delhi” - одраз на британското наследство. Поделбата на стариот и новиот дел е всушност поделба на градовите на могилите и британците, различниот стил и начин на живот помеѓу нив. Време за спомен фотографии со импресивниот хинду храм Лакшминарајан (Lakshminarayan Temple). Патот продолжува кон “Портата на Индија” - (India Gate) и поминување низ неа. На оваа порта се запишани имињата на 90.000 војници кои загинале во Првата Светска Војна. Разгледување на Претседателската Резиденција (од надвор), поранешна Кралска палата и Парламент, кој претставува комбнација од Викторијанската и современата архитектура од 20 - от век. Понатаму заштитениот од УНЕСКО и најсовршената кула во Персискиот свет Кутаб Минар - пример на хиндуистичко - исламска архитектура која го носи приматот на највисоко минаре во светот, со 73 метри над земјината површина и дијаметар од 15 метри на основата и 2.5 метри на врвот. Овој објект е изграден во 13 - от век неговите ѕидови се испишани со реченици од Куранот - Светата книга на исламот. Вечера. Ноќевање во хотел.

3 ден (Вторник - 02.04.2019) | Делхи - Џајпур / 264 km ~ 5 - 6 часа / Појадок и вечера

Појадок во хотелот. По појадокот е предвидена прошетка низ стариот дел на градот Делхи, (Old Delhi) кој е асоцијација на град со многу историја, стари споменици, тесни улици, пазари на кои можете да го пробате вкусот на Индија. Оттука до Црвената тврдина (Red Fort), уште еден заштитен знак на УНЕСКО, наречен “Срцето на Индија”. Оваа тврдина била изградена по преселувањето на главниот град на Монголите од Агра во Делхи, кој служел како резиденција на монголските императори, се’ до доаѓањето на британците. Патот продолжува до Чанди Чоук (Chandni Chowk), главниот булевар од времето на Монголската династија, денес најголемата трговска област на градот, каде се чуствува духот на ориенталните пазари. Тргнување кон Џајпур. Пристигнување во Џајпур и сместување во хотел Hilton Jaipur 5* или сличен на него. Предлог вечера со традионална музика и танци во хотелот Hilton Jaipur. 

4 ден (Среда - 03.04.2019) Џајпур / Појадок и Вечера

Појадок. По појадокот се упатуваме кон древниот град Амeр и разглед на истоимената тврдина (Amer Fort), чија изградба започнала во 17 - от век, пред изградбата на градот Џајпур. Кратка пауза за фотографирање со “Палатата на ветровите” (Hawa Mahal) изградена од Махараџа Саваи Пратап Синг (Sawai Pratap Singh) во 1799 година, во уникатна форма на пирамида. Оваа палата ја красат 953 мали прозори преку кои дамите го набљудувале дворецот и животот во градот. Оттука продолжуваме кон врвот на Амер со помош на локалните пријатели од Џајпур - прекрасните слонови. Да, добро прочитавте, искачувањето до врвот се врши “возејќи” се’ на слонови - авантура која вечно се памети (во случај да слоновите не се слободни во моментот, искачувањето се реализира со џипови). Импресивната тврдина изградена од бел мермер и црвен песочник, со архитектура под влијание на хинду и исламскиот стил, никого не остава рамнодушен. Прошетката овде вклучува разглед на комплексот на палати, сали и градини, од кои со најмногу убавина плени Шиш Махач - огледалната палата на Џеј Мандир или позната како “Салата на победата”. Продолжуваме со дворецот City Palace или Градската палата на Махараџата, позната по прекарсните градини и градби. При посетата на музејот посветен на оваа палата, ќе видиме богати колекции од текстил, оружје, слики, теписи. До палатата се наоѓа најголемата камена опсерваторија во свeтот - Jantar Mantar (УНЕСКО) изградена од махараџата Џаи Синг во времето од 1724 - 1735 година. Џаи Синг кај народот бил повеќе познат како астроном и астролог отколку како освојувач. На прв поглед изгледа како чудна колекција на камени и мермерни скулптури, но секоја од нив има своја намена (мерење на времето, движење на планетите). Враќање во хотел. Вечера и ноќевање.

 5 ден (Четврток - 04.04.2019) | Џајпур - Агра / 235 km ~ 5 часа / Појадок и Вечера

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Агра. Попатна посета на Бирла Мандир (Birla Mandir) или уште познат како Лакшми Нарајан (Lakshminarayan Temple) и можност за присуство на церемонијата “Aarti” - Хиндуистички ритуал на аџилак, во кој факелите се направени со прочистеното масло од Ѓхи или камфор и се палат за боговите. Храмот Бирла Мандир се наоѓа во подножјето на тврдината Моти Дунгри, околу 6 километри од градот Џајпур. Овој не многу стар храм е познат по неговата прекрасна архитектура и нежна убавина, посветен на хиндускиот Бог Вишну и неговата сопруга - божицата Лакми. Овде има помали храмови на разни други богови и божици од хиндуистичката религија. Пристигнување во Агра и пријавување во хотел Courtyard by Marriott 5*или сличен. Вечера и ноќевање.

6 ден (Петок - 05.04.2019) | Агра / Појадок и Вечера

Појадок. По појадокот заминуваме во посета на интересната и инспиративна тврдина Агра Форт, некогашната индиска престолнина уште позната како “Црвената трврдина”, која впрочем е под заштита на УНЕСКО. Оваа тврдина која воедно го носи приматот на најдолгата тврдина во Индија, се наоѓа на само 2.5 километри северозападно од Таџ Махал. Нејзините ѕидини со висина од 70 метри ја чуваат и раскажуваат приказната на Монголската империја. Во попладневните часови посета на гробот на Итамад - Уд - Даула (Itmad Ud Daulah) познат како “Бебето Таџ Махал” поради сличната архитектура како Таџ Махал и техниката и употребата на скапоцениот мермер во изработката на овие објекти. Овој архитектонски споменик, кој се издига над реката Јамуна, всушност е мавзолеј на Миг Ѓаас Бег, еден од министрите во дворот на Шах Јахан. Враќање во хотел. Вечера и ноќевање.

7 ден (Сабота - 06.04.2019) | Агра - Делхи / 258 km ~ 4 - 5 часа / Појадок и Вечера

Појадок во хотелот. По појадок заминуваме во посета на на Таџ Махал. Овој легендарен споменик е изграден во тага од страна на императорот Шах Џахан, во спомен на неговата сакана сопруга Мумтаз Махал. Архитектурата на Таџ Махал изобилува со исламски, индиски и персиски елементи, дел од причините порди кои овој објект е под заштита на УНЕСКО. Фантастичните размери, беспрекојната симетрија, проѕирниот бел мермер гравиран со скапоцени камења кои се одразуваат во водите на каналот пред објектот, нудат глетка која во секого од нас ќе остане вечно запаметена. Таџ Махал е еден од најубавите архитектонски комплекси во светот, симбол на љубовта и едно од новите Светски чуда.
Враќање во хотел. Напуштање на хотелот и заминување од Агра кон Делхи. Попатна посета на Акшардам (
Akshardham) - 8 - то чудо на светот, храм кој бил изграден за само 5 години со помош на 11 000 волонтери кои биле вклучени во изградбата на истиот. Уметници, занаетчии, работници, посветени на својата работа, својата вера и вложени околу 300 милиони часа со една заедничка цел - изградба на храмот. За овој храм да го добие денешниот лик биле користени 12 000 тони бел мермер (симбол за чистота и вечен мир во Хинду религијата) и розов песочен камен донесен од Раџастан. Величенствено место каде симболите на верата се прикажани преку архитектурата со која плени овој храм. Пристигнување во Делхи и пријавување во хотел Vivanta By Taj Dwarka 5*. Вечера. Ноќевање.

8 ден (Недела - 07.04.2019) | Делхи - Истанбул - Скопје / Појадок

Појадок (сув пакет). По појадокот следува трансфер кон меѓународниот аеродром во Њу Делхи за лет до Скопје со едно преместување.

 

ЦЕНИ И АРАНЖМАН 

Цени на пакет аранжман по лице:

Полу Пансион

Возрасен во двокреветна соба

Еднокреветна соба

Редовна цена

1009

1169

Промотивна цена за резервации до 30.09.2018

899

1059 €

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски превоз  Скопје - Делхи - Скопје;
  • Сите трансфери наведени во програмата со климатизиран автобус;
  • 6 ½ ноќевања, 7 појадоци и 6 вечери во хотели со 5* во Индија;
  • Сите екскурзии кои се наведени во програмата;
  • Влезниците во објектите кои се наведени во програмата;
  • Возење на слонови за искачување до тврдината Амбер Форт во Џајпур (доколку нема слободни слонови, искачувањето е со џипови);
  • Локални водичи на англиски јазик;
  • Водич кој ќе патува со групата и ќе преведува на македонски јазик;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Виза за Индија - трошоци за визирање е 58 €;
  • Аеродромски такси - 296 €
  • Лични трошоци;
  • Бакшиши на возачот / водич - околу 40 USD по лице за целата програма;

Рокови за отказ на аранжманот:

  • Над 60 дена пред датумот на патување се задржува износот на депонираниот депозит;
  • Помеѓу 60 - от и 20 - от ден пред датумот на патување се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • Помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредност на аранжманот;

Неопходни документи:

  • Меѓународен пасош со важност минимум 6 месеци од датумот на враќање;
  • Една фотографија во ЈПГ формат на бела позадина 2” x 2” (600 x 600 pixels);

Услови:

  • Потребно за резервација 50% депозит, а целосна уплата е потребна 45 дена пред тргнување;
  • Понудата важи за над 20 туристи;
  • Нема потреба од медицински документ за имунизација;
  • Организаторот на патување го задржува правото да ја промени цената во случај на промена на курсот на монетарниот пазар и се пресметува по 1 € = 62 мкд;
  • Агенцијата организатор го задржува правото да го промени редоследот на поедини содржини во програмата како резултат од објективни причини.