ВЕЛИГДЕН - ФРАНЦУСКА РИВИЕРА (автобус)

ВЕЛИГДЕН - АЗУРЕН БРЕГ

МИЛАНО - НИЦА - СЕНТ ТРОПЕЗ - КАН - ЕЗ - МОНАКО - МОНТЕ КАРЛО

25.04 - 30.04.2019

(6 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА)

1 ден (25.04.2019 - четврток) | Македонија - Милано

Состанок на групата во договорено време. Поаѓање кон Милано. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (26.04.2019 - петок) | Милано

Пристигнување во Franciacorta Оutlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. Сместување во хотел. По краткиот одмор, одиме на организиран разглед на градот (факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 метри долгиот покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот...Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (27.04.2019 - сабота) | Милано - Ница

Појадок. Одјавување од хотел и продолжување на патот кон Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови и сместување во хотел. Слободно време. Заминување на прошетка низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, Палатата на правдата. Ноќевање.

4 ден (28.04.2019 - недела) | Ница - Кан - Сен Тропе - Ница

Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез - најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци - Café Senequer. Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време. Враќање во Ница. Вечерта Ве водиме во најубавата Руска православна црква за да го прославиме христовото раѓање. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден (29.03.2019 - понеделник) | Ница - Ез - Монако - Монте Карло - Македонија

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме факултативна посета на Монако и Монте Карло со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини. Продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

6 ден (30.04.2019 - вторник) | Македонија

Пристигнување во Македонија во доцните попладневни часови. 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА до 01.03.2019 - 199 € (12.338 МКД)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 229 € (14.198 МКД)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобуси;
  • Сместување во хотел во Милано со 3* на база на 1 НП (ноќевање / појадок);
  • Сместување во хотел во Ница со 3* на база на 2 НП (ноќевање / појадок);
  • Професионален туристички придружник за време на целата екскурзија;
  • Разглед на Ница;
  • Организација и реализација на програмата.
  • Организиран трансфер од Oхрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес;

(Организираниот трансфер може да биде во утринските часови, а точно време на поаѓање се утврдува 2 дена пред терминот на поаѓање)

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Милано со локален водич - 10 €;
  • Факултативна посета на Сент Тропе и Кан (превоз + локален водич) - 35 €;
  • Факултативна посета на Ез, Монако и Монте Карло (превоз + претставник од агенцијата) - 25 €;
  • Туристичка такса во Милано и Ница - 8 € (се плаќа во агенцијата);
  • Влезници за културно - Историски споменици и музеи;
  • Билети за јавен превоз;
  • Патничко осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба 4.400 денари;

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: 60 €

Цена на факултативи на лице место:

 

  • Разглед на Милано со локален водич - 15 €;
  • Факултативна посета на Сент Тропе и Кан (превоз + локален водич) - 38 €;
  • Факултативна посета на Ез, Монако и Монте Карло (превоз + претставник од агенцијата) - 28 €;

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ