Неа Флогита - Vila Bouzalis

 Во централниот дел на полуостровот Халкидики, на само педесетина километри југоистoчно од Солун се наоѓа туристичкото место Неа Флогита, препознатливо по централниот парк со фонтаните и зелениот појас со палми. Длабочината во морето е умерена што го прави ова туристичко место уште попривлечно за децата. Местото е одлично снабдено во текот на летната сезона-изобилува со маркети, пекари, слаткарници,таверни, ресторани,а токму тука е најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите.

Вилата Bouzalis е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита, на само неколку метри од морето. Вилата располага со апартмани со најразлична големина; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на приземје, прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

Напомена: Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.

-15% попуст за целосна уплата до 27.12.2019

 

 - Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз

 - Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

 - Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

             - При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна состојба.

             - Ве молиме по напуштање на студијата и апартманите да не оставате неизмиени садови и одпадоци

             - Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

 Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот

            - Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на соспственикот на вилата на лице место 

           - Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Last Minute понуда да ги објави и продава останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе бјавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства на име на разлика во цена

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!

- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита

- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

- Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра