Неа Плагиа - Vila Talassinos

 

Касандра ги има пространите песочни плажи со кристално бистро, чисто и топло море, живописните летувалишта, традиционалните села и богатиот ноќен живот. Близината на Солун му даваат предност пред многу други места за одмор. На самиот влез во Касандра, на само 45 километри од Солун се наоѓа малото туристичко место

Неа Плагиа. Има плитка и песочна четири километри долга плажа покрај која се протега убаво уредено шеталиште со многу таверни, слаткарници, кафетерии, маркети...Гратчето е споено со Неа Флогита и изобилува со забавни игри за децата што се лоцирани покрај самата плажа. Целото туристичко место станува атрактивно особено во вечерните часови кога шеталиштето започнува да се полни со најразновидни тезги на отворено каде туристите можат да пазаруваат по пристапни цени. Топлото море, одлично уредената плажа каде можете да изнајмите лежалки и чадори за сонце, како и неколкуте паркови во кои  доминираат дрвореди палми ја издвојуваат Неа Плагиа како одлично место за летување на семејства со деца на помала возраст.

Вилата Talassinos се наоѓа во централниот дел на Неа Плагиа, лоцирана на само неколку метри од убаво уредената плажа. Од морето ја дели парк преполн со зеленило. Во нашата понуда имаме трокреветни и четирикреветни  апартмани на прв спрат кои имаат тераси заштитетни со чадори кои имаат поглед кон морето. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрично решо со две рингли, аспиратор, мал фрижидер, основни садови за готвење и јадење),телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

 

Напомена:

 

Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење. 

 

Вила „Talassinos” - Неа Плагиа

Термин:

Ноќевања:

1/3 апартман

1/4 студио

1/4 апартман

22.05-01.06.2019

10

7.440 ден (120 €)

9.300 ден (150 €)

12.400 ден (200 €)

01.06-11.06.2019

10

11.780 ден (190 €)

13.640 ден (220 €)

17.360 ден (280 €)

11.06-21.06.2019

10

15.500 ден (250 €)

17.360 ден (280 €)

21.080 ден (340 €)

21.06-01.07.2019

10

21.700 ден (350 €)

23.560 ден (380 €)

27.280 ден (440 €)

01.07-11.07.2019

10

26.040 ден (420 €)

27.900 ден (450 €)

31.000 ден (500 €)

11.07-21.07.2019

10

30.380 ден (490 €)

32.240 ден (520 €)

35.960 ден (580 €)

21.07-31.07.2019

10

30.380 ден (490 €)

32.240 ден (520 €)

35.960 ден (580 €)

31.07-10.08.2019

10

30.380 ден (490 €)

32.240 ден (520 €)

35.960 ден (580 €)

10.08-20.08.2019

10

30.380 ден (490 €)

32.240 ден (520 €)

35.960 ден (580 €)

20.08-30.08.2019

10

26.040 ден (420 €)

27.900 ден (450 €)

31.000 ден (500 €)

30.08-09.09.2019

10

21.700 ден (350 €)

23.560 ден (380 €)

27.280 ден (440 €)

09.09-19.09.2019

10

15.500 ден (250 €)

17.360 ден (280 €)

21.080 ден (340 €)

19.09-29.09.2019

10

10.540 ден (170 €)

12.400 ден (200 €)

15.500 ден (250 €)

 

- Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз

- Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!

- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Плагиа

- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции