СКИЈАТОС - ВИЛА NIKOS

СКИЈАТОС - ВИЛА NIKOS

 

На само 400 км.оддалеченост по копнен пат и 2,5 часа со траект се стигнува до прекрасниот кристално чист остров Скиjатос.

Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите  Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Островот – Скиjатос е со површина од околу 50 км2 има преку 50 плажи со извонредна забава за млади. Плажите Кукунариес, Агиа Параскеви, Трулос, Мегали Амос,Дијамант Бич, Лаларија и многу други оставаат простор за повторно навраќање и убави спомени.

Градот Скиjатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици со брендирана гардероба, кафетерии и дискотеки испреплетено со многубројни туристи од цела Европа, ќе ве опушти и направи задоволни и чекор понапред од сите.

ВилаНИКОС лоцирана во Кукунариес на оддалеченост  5 минути од најпознатите плажи “Кукунариес““Банана биџ“ ,Агиа Елена,Крисиамос се плажи кои се вбројуваат во 5-те најубави Европски плажи.Пешачењето до плажите е во убава шумска атмосфера.Вилата располага со 1/2, 1/3 ,1/4 студија и  1/6 дуплекси сите климатизирани, тв, ви-фи, балкони и простран двор, сместени во борова шума.

Вила „НИКОС“ е лоцирана во Кукунариес. Влезот е обележан со видлива табла на која пишува „Вила Никос“, голема влезна врата и паркинг простор.

Во дворот, кој наоколу е опкружен со дрвја, има и летниковец со големи маси и дрвени клупи. Десната страна од вилата граничи со имот, кој има борова шума, додека пак од левата страна се наоѓа езеро со слатка вода, кое е природен феномен на островот. Вилата е  оддалечена од плажата околу 5 минути. Во класичен медитерански стил, вилата располага со апартмани, во кои се влегува директно од дворот. Во вилата има постојано топла вода, која е решена преку централен соларен систем. Обезбедена е и со wi-fi сигнал.

Рецепцијата и останатиот персонал се достапни во секој момент за било каква информација и помош. Сите соби располагаат со ПП апарат, екстра кебиња и перница, но за било каква екстра потреба може да се обрати на рецепција. Во собите има клима уред, телевизор, радијатори за парно греење и купатило со ВЦ. Во сите апартмани се достапни по 2 крпи од лице (голема и мала).

  Цените се дадени за пакет аранжман со вклучен автобуски превоз,траект и трансфер пристаниште – вила – пристаниште

 

 

ОПИС НА СОБИТЕ

Софита 1

(1/3 + (1/3) 6 лица

Се наоѓа на 2 кат. Апартманот е на два ката. На првиот кат има кујна со шанк, музички инструмент, камин, три поединечни кревети, тоалет и ТВ. На вториот кат има еден дупол и еден поединечен кревет и клима

 

Софита 2

(1/2 + (1/4) 6 лица

Се наоѓа на 2 кат. Апартманот е на два ката. На првиот кат има 2 поединечни кревети, кујна тераса, тоалет и ТВ. Од овде се излегува на тераса. На вториот кат има 2 дупли кревети и клима.

 

Студио бр.2

(1/3) 3 лица
Студиото се наоѓа на приземје и има сопствен двор со маса и столици. Има една просторија во која има еден дупол и еден поединечен кревет, кујна, ТВ и клима. Располага со сопствено купатило и WC.

 

Студио бр.3

(1/3) 3 лица

Студиото се наоѓа на приземје и има сопствен двор со маса и столици. Има една просторија во која еден дупол и еден поединечен кревет, кујна, ТВ и клима. Располага со сопствено купатило и WC.

 

Студио бр.4

(1/2 ) 2 лица

Студиото се наоѓа на први кат. Составено е од една просторија во која има дупол кревет и во истата просторија е кујната со кујнски инвентар,тв и клима од оваа просторија се излегува на тераса. Располага со сопствено купатило и WC.

 

Студио бр.5

(1/2 ) 2 лица

Студиото се наоѓа на први кат. Составено е од една просторија во која има дупол кревет и во истата просторија е кујната со кујнски инвентар,тв и клима од оваа просторија се излегува на тераса. Располага со сопствено купатило и WC.

 

Студио бр.6

(1/2) 2 лица

Студиото се наоѓа на први кат. Има една соба во која има 2 поединечни кревети, кујна и мини шпорет. Од собата се излегува на тераса. Располага со сопствено купатило и WC.

 

Студио бр.7

 (1/2) 2 лица

Студиото се наоѓа на први кат. Има една соба во која има дупол кревет, кујна, мини шпорет, ТВ и клима. Од собата се излегува на тераса. Располага со сопствено купатило и WC.

 

Студио бр.8

(1/2) 2 лица

Студиото се наоѓа на први кат. Има една соба во која има 2 поединечни кревети, кујна, ТВ и клима. Од собата се излегува на тераса со маса и столици. Располага со сопствено купатило и WC.

 

Студио бр.9

(1/4) 4 лица

Составен е од една просторија во која има 4 поединечни кревети во истата просторија има кујна со кујнски инвентар,ТВ и клима. Од оваа соба се излегува на тераса. Располага со сопствено купатило и WC.

 

Студио VITA

(1/2) 2 лица

Студиото се наоѓа на приземје и има сопствен двор со маса и столици. Има една просторија со дупол кревет, кујна, фрижидер, решо, ТВ и клима. Располага со сопствено купатило и WC.

 
  • Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (9) ноќевања со вклучен:
  • автобуски превоз, брод, трансфер пристаниште-вила-пристаниште, клима уред за минимум 2 лица;
  • трето,четврто ,петто или шесто лице плаќаат според табелата;
  • 1 и 2  (прво и второ) дете до 12 години  плаќаат според табелата;
  • дете до 02 години бесплатно (без седиште)
  • Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез во објектите е следниот ден;
  • Цените се изразени во ЕУР, плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 62ден.
  • Само автобуски превоз Скопје –Волос-Скопје 110 еур за возрасни, 65 еур за деца до 12 год.- повратна автобуска и бродска карта;
  • Само автобуски превоз  80 еур за возрасни, 45 еур за деца до 12 год. – еден правец и бродска карта;
  • За користење на аранжман со сопствен превоз се одбива 45 еур за возрасни, 25 еур за деца
  • Oбезбедено е трансфер од пристаниште-вила-пристаниште на денот на пристигнување и заминување
  • Во случај на промена на часот на поаѓање/враќање од страна на  бродската компанија,  агенцијата го задржува правото за промена на часот на поаѓање/враќање во согласност со промените на бродската компанија.
  •  
  • Поаѓање од Скопје на паркингот спроти Холидеј Инн во 23:00 часот