24 МАЈ - ОСТРОГ, БУДВА, БЕЧИЧИ, КРСТАРЕЊЕ ПО БОКОКОТОРСКИОТ ЗАЛИВ

ПРОГРАМА 25ти МАЈ

 

ОСТРОГ – БУДВА - БЕЧИЧИ – КРСТАРЕЊЕ (БОКOКОТОРСКИ ЗАЛИВ)

 

1 ден (24.05 четврток )

Состанок на групата во 21:30 пред Дрводекор, Скопје. Поаѓање 22:00 часот. Полноќно патување низ Косово, Албанија и влегување во Црна Гора..

2 ден (25.05 петок)

Пристигнување во утринските часови во манастирот Острог, утринска литургија.Околу пладне упатување кон Бечичи. Пристигнување во Бечичи и сместување во Хотел Ивановиќ 4*. Слободни активности (капење) и вечерна прошетка до Будва. Ноќевање.

3 ден (26.05 сабота)

Појадок. Во 09:00 часот упатување со автобус кон Тиват. Возењето до Тиват трае 30 мин. Разгледување на Тиват и Порто Монтенегро. Околу 10:00 часот се тргнува со брод за Херцег Нови. Пловидбата трае околу 45 мин. и по пристигнувањето во Херцег Нови патниците имаат слободно време во траење од 1 час. По паузата се продолжува со пловидба на отворено море, до плажата Жањице.Слободното време се користи по своја желба (капење или превезување со помали бродчиња до Плава Шпиља. По паузата се продолжува со пловидбата према островото Госпа од Шкрпјела. Пауза од 40 минути. Последните 45 минути се вози низ Которскиот залив, кој е најинтересен и се поминува крај градот Пераст. Следната пауза е во Котор, каде што патниците имаат слободно време за одмор во паркот и за индивидуална посета на градот. По паузата се враќаме назад во Бечичи со автобус. Вечерна прошетка Бечичи или Будва. Ноќевање.

4 ден (27.05. недела)

Појадок и одјавување од хотелот. Упатување кон Свети Стефан и кратка пауза за разглед. Упатување кон Бар и кратка прошетка. По прошетката патувањето продолжува кон Македонија со попатни застанувања.

 

Цена на аранжманот: 109 евра (6 758 денари)

 

Во цената е вклучено:

          

    • Превоз со автобус на наведената релација

    • Организирана посета на манастирот Св.Василије Острошки

    • 2 Ноќевања со појадок во Хотел Ивановиќ 4*, Бечичи

    • Крстарење по Бококоторски Залив со водич

    • Организација, реализација и придружник на патувањето

 

 

Во цената не е вклучено:

 

    • Превоз од долниот до горниот манастирот (околу 3 евра во двата правца)

    • Превоз со бродчиња до Плава Шпиља 1 евро

    • Влегување во музеј и Црква на островот Госпа од Шкрпјела 1 евро

    • Индивидуална екскурзија по стариот град Котор 1 евро

    • Ручек на бродот 9 евра (незадолжително)

    • Задолжително патничко здравствено осигурување 150 мкд

 

Напомени:

    • Во случај на невреме, ако капетанот на бродот процени дека не е безбедно да се исплови на отворено море (плажата Жањице и Плава Шпиља) нема да има пловидба.

    • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патника

    • За овој аранжман важат Општите Услови за патување на СКТМ и Т.А.Носталгија Травел

    • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истекот од денот на враќањето или валидна лична карта

    • Цените се изразени во евра за уплата исклучиво во денари по курс 1 евро=62мкд