КСАМИЛ - ВИЛА ЛУНА

КСАМИЛ - ВИЛА ЛУНА

 

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење ... и сето тоа за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места. 
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.

 

Вила Луна се наоѓа во Ксамил на 70м од плажата Бела Виста, на 200м од центарот на градот.
Вилата располага со четворокреветни студиа со капацитет до 4 лица и апартман за 6 лица.

Цените се изразени во еур, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 62 мкд. 

*Климата е вклучена во цената

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 62МКД

 

ВО СТУДИЈАТА ДОЗВОЛЕНО Е СМЕСТУВАЊЕ САМО НА ПАТНИЦИТЕ КОИ ШТО СЕ ВПИШАНИ ВО ВАУЧЕРОТ!!!


ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ксамил:  

 

- Скопје (Дрводекор) -Трансфер до Битола 45€ по лице 
- Штип (паркинг пред пошта) - Трансфер до Велес - 55€ по лице
- Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) - 45€ по лице
- Кавадарци (Дреново, бензинска пумпа,Макпетрол) - 45€ по лице
- Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Прилеп/Битола за Ксамил:  

- Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон) - 35€ по лице
- Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) - Трансфер до Битола  - 35€ 
- Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола - 45€ по лице
- Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) - Трансфер до Битола - 45€ по лице
- Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) - Трансфер до Битола -45€ по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) - Трансфер до Битола -45€ по лице 
- Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

 

Време на поаѓање за Ксамил:

00:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
00:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола
00:00 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
01:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) 
03:00 h Битола (Пред спортска Сала) 
02.00 h Ресен (спроти автобуска станица) - Трансфер до Битола
01:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) 
01:15 h Струга (Хотел Дрим) - Трансвер до Битола 
01:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус

ВАЖНО : Патувањето за Албанија КСАМИЛ се реализира преку ГРЦИЈА и поради тоа е задолжително поседување на ВАЛИДЕН ПАСОШ

 НАПОМЕНИ:

- За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
- Климата е вклучена во цената;
- Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
- За хигиената на собите се грижат гостите;
- За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.