КЕФАЛОНИЈА - ВИЛА АСТИР

Кефалонија е најголемиот Јонски остров, сместен јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија е грчки остров, кој ќе Ве маѓепса на прв поглед. Обалата му е преполна со заливи. Плажите претежно се каменести, но има и песочни плажи. Тоа што најмногу ќе ве воодушеви на овој остров е кристално чистото море! Кефалонија е остров со чудесни пејзажи, преубави плажи, симпатични места, љубезни домаќини, остров на мирот и спокојот, кое ќе ве натера повторно да го посетите.

Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместно е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружено е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно гратче и е пристаниште во кое доаѓаат туристи најмногу од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до пажата Скала 12 км. Порос ги има скоро сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонија, односно продавници, бутици и сувенирници. Порос е сместен во југоисточниот дел на островот Кефалинија, а тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.

 

Дали знаете?

  • Национален танц на жителите на Кефалонија е познатиот “balos” – танц на орли, кој со слична кореографија може да се види кај жителите на Киргистан.
  • Кефалонија најчесто се поврзува со книгата и филмот “Мандолината на Капетанот Корели”. Филмот е снимен на островот во 2001 година, а главни актери биле Николас Кејџ и Пенелопе Круз.
  • Се зборува дека и Момо Капор има летувано на овој остров.

Едно од географските чуда на Кефалонија е езерото Мелисани, кое според легендите името го добило по нимфата Мелисани, која се удавила во истото поради невозвратената љубов од богот Пан.

ВИЛА АСТИР

Вила Астир располага со двокреветни студија. Сите соби имаат  клима (доплата на лице место), кујна и тераса.

Се наоѓа на 100 метри од центарот на градот и на 10 метри од море.

 

 

 

 
Чудесните плажи на Кефалонија

Најубавот што може да го понуди Кефалонија, се секако нејзините плажи. На најубавите од сите ќе поминеме дури 4 дена. Ќе ги посетиме вистинските бисери на Кефалонија: Myrthos, Antisamos, Skala.

На плажите нема само да уживаме на песокот и да се бањаме во кристално чистото море, туку ќе учествуваме во разни спортски натпревари, спортови на вода и игри без граница. Понесете си пешкир и забавата може да почне.

Крстарење до Закинтос

Ова ќе биде незаборавна авантура, следува целодневно крстарење до Закинтос, со посета на Blue Caves, местото Агиос Николаос и прекрасната плажа Навагио.

 

 

Цената на аранжманот вклучува:
  • Сместување на база 9 ноќевање на Кефалонија/Порос по лице
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
  • Превоз со брод на релација Килини – Порос – Килини
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

 

Цената на аранжманот не вклучува:
  • Факултативни излети
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко и здравствено осигурување

 

 

Напомена:
  • За патниците кои не користат превоз од агенцијата цената не се намалува .
  • Наведените цени од табелата се однесуваат за тргнување од Скопје.
  • Доколку тргнувате од друг град, а не Скопје, може да се информирате на 02/2774-371

 

Тргнувањето од Скопје – состанок на група во 17:30 часот, тргнување 18:00 часот.

Напуштање на собите е во 10:00 часот.

Тргнувањето од Кефалонија/Порос  е предвидено во попладневните часови.

Користење само на превоз е 99евра.