ИСТАНБУЛ – БУРСА-ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ

ИСТАНБУЛ – БУРСА-ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ

0913.10.2019  (5 дена / 3 ноќевања со појадок)

 

ЦЕНА: 105€ /651ден

 

1 ден среда:

Поаѓање во попладневните часови од пред туристичката агенција Либеро Травел (организиран трансфер Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница, Каменица и Делчево ). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден  четврток:

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Доколку собите не се ослобдени од претходната група, се почитува хотелијерската политика (chek in -14:00h local time) .Средба на групата со локалниот водич пред хотел. Туристичката програма започнува со панорамска обиколка на Истанбул со локален водич. Посета на паркот Беилербеи во Азискиот дел на Истанбул. Ќе направеме групна фотографија под Босфорот кај кој се открива прекрасна позадина. По прошетката во паркот се враќаме на стариот дел на Истанбул (Европскиот) и продолжуваме со 90мин.”. факултативно крстарење со брод по Босфор со локален водич. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате в Европскиот брег на Босфор до тврдината “Румелија Хисар”, да ги фотографирате прекрасна тапалата “Долмабахче”, Сарај, дворецот “Јилдиз”, дворецот “ЧифтеСарај”. Потоа бродот се упатува кон азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили, каде се снимени повеќето од турските серии. Продолжуваме со разглед на хиподромот, на плоштадот Султанахмет.Посета на “Синатаџамија” – единствена со шест минариња. Факлутативна посета на палатата Топкапи- дворецот каде е одигран филмот за Султан Сулејман. Слободни активности за индивидуална прошетка од центарот Султанхмет до хотелот со попатна посета на Капали чаршија. Слободно време. Ноќевање

3 ден петок:

Појадок. Факултативна посета на Принциските Острови со траект. Тргнување со брод од пристаништето. Се плови преку Мраморното Море до Островот на принцовите пловидбата трае околу 1,45 час. (– архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². На островите живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила, а како основно превозно средство се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица…Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија.Најголемиот од нив е Бујук Ада – тоа е островот што е посетен за време на екскурзијата. На островот можат да се изнајми кочија за прошетка, а цената на кочијата (со времетраење од 45 мин.) – 30 турски лири,(околу 300 денари) цената на кочијата со време траење (1.10ч.) – 40 турски лири.(околу 400 денари). Прекрасните рибни ресторанти покрај морето се вистинско уживање за сите туристи. Враќање во хотелот. Вечерта факлутативна посета на најпопуларниот плоштад во Турција-Таксим и улицата која води до Галата Кула кои се посетувани од над 3 милиони посетители дневно. Слободно време за разглед на Галата Кула, шопинг во многубројните продавници, ресторанти, кафулиња.. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

4 ден сабота:

Појадок. Од 07:00 до 08:30. Слободно време или факултативна посета на градот Бурса. Бурса со локален туристички водич.Бурса е 4 град во Турција по големина со над 2 милиони население.Се наоѓа во северозападна Турција, лежејќи во подножјето од околу 2.500 метри висорамнини -Улудаг во близина на Мраморно Море. Бурса важи за еден од најевтините градови во Турција кој е неверојатен за шопинг на облека, завеси, предмети во домаќинството, накит, обувки итн.. по неверојатно ниски цени.Разглед на градот со локален водич.Факлутативна можност за користење на жичарница која важи за една од најдолгите во светот од 9km. Жичарницата ве носи на надморска висина од 2543м, каде што доживувањата, фотографиите, природата и панорамата на градот е вистинска атракција за сите туристи од светот. Слободно време во центарот на градот за, прошетка. Шопинг, ручек, кафе.. Враќање во вечерните часови во Истанбул. Ноќевање

 

5 ден недела:

Појадок. По појадокот се тргнува кон Македонија.Посета и шопинг на облакодерот “Сафир” – највисоката зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште, каде се открива неверојатна глетка кон градот и Босфор. Посета најразновидниот аквариум во светот Florya кој нуди разглед на најразнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума. Слободно време за шопинг во елитниот шопинг центар Florya, кој содржи продавници за секаква категорија на купувачи. Шопинг центарот се наоѓа на неверојтана локација покрај морето со над 30 ресторанти и кафулиња, каде што на секоја голтка кафе минува по еден авион на аердоромот Ататурк. Се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со високотуристички автобус

Три ноќевања со појадок во хотел 3*

Панорамска обиколка на Истанбул со локален водич

Разглед на Хиподромот

Разглед на Сината џамија

Придружник од агенцијата

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНO:

Крстарење по Босфор – 15еур

Топкапи палата-15 еур

Посета на градот Бурса со локален водич (целодневна) – 30еур

Принцески осторви – 15еур

Таксим и Галата кула – 10еур

Облакодер Сафир и 4D симулација – 20еур

Најголемиот аквариум во Европа – 20 еур

Пакет факлутативи: 110 еур

Патничко осигурување – 200 денари

Цена: 105 еур / 6510 ден.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца (со претходна напомена).

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • Пасошот мора да има важност минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжмано
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.