АМСТЕРДАМ 11-ти ОКТОМВРИ

АМСТЕРДАМ

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 379€  /  23.500 ден

Амстердам или уште наречен Венеција на Север – еден од најголемите мали градови во светот. Од каналите до познатите музеи и историски знаменитости, тој е еден од најромантичните и најубавите градови во Европа. Исто така е и град на толеранцијата и разновидноста, едноставно ги поседува сите предности на големиот град: богата култура, активен ноќен живот, меѓународни ресторани, добар транспорт… земете велосипед за автентично локално искусто и уживајте…

1 ден
 

12 10.2019 СКОПЈЕ – АМСТЕРДАМ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.00 часот. Авионот за Ајндховен полетува во 05.55 слетува во 08.45 часот. Организиран трансфер од Ајндховен до Амстердам. Средба со водичот и разглед на Амстердам (комбинирана тура –(пешачка + автобус):Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пивница Хајнекен, Новиот градски кварт.Планирана е посета на фабриката за дијаманти (прошетка низ работилницата и разглед на начинот и методите на обработката на дијамантите).После посетата можност за факултативно крстарење со брод по многубројните канали од каде на посебен начин можете да ја доловите и доживеете убавината на градот и неговата обоеност,особено во вечерните часови кога градот едноставно почнува да живее до раните утрински часови. Ноќевање
 
2 ден
 

13.10.2019 АМСТЕРДАМ - ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА

Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус: ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА Сликовотито гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.
 
3 ден
 

14.10.2019 АМСТЕРДАМ - МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА

Појадок. Факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледа: познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан, сирење... Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото ЕЈ. После враќањето во Амстердам,можност за индивидуални активности и прошетка низ градот.Ноќевање.
 
4 ден

15.10.2019 АМСТЕРДАМ - СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 09.30 часот, пристигнување во Скопје во 12.05 часот на аеродромот Александар Велики.
 
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Авионски превоз на релација Скопје-Ајндховен-Скопје,
  • Кабински багаж (1 торба до 8 кг. со димензии 40х30х20см),
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Амстердам,
  • Организиран разглед со локален водич,
  • Три ноќевања со појадок во Hotel King’s Court Amsterdam  3* https://www.hotelkingscourt.nl/en/index.html
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

  • Аеродромски такси 2.500 денари
  • Доплата за чекиран багаж – куфер со максимум 20kg 4.500 денари / куфер со максимум 32kg 5.600 денари
  • Голема Холандска Екскурзија 70 евра
  • Мала Холандска Екскурзија 50 евра
  • Крстарење по каналите на Амстердам 15 евра
  • Туристичка такса 9 евра (по 3 евра од ноќ)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За реализација на овој аранжман е потребен минимум од 20 патници
  • За реализација на факултативите потребен минимум од 20 патници
  • Резервација се прави со копија од пасош и авансна уплата од 30% (важи и за цената во предпродажба) од цената на аранжманот
  • Пасошот треба да важи минимум 180 дена од завршување на патувањето
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.