Љубљана – Милано – Венеција

Љубљана – Милано – Венеција

1014.11.2019  (5 дена / 2 ноќевања со појадок)

УПЛАТА ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 14.09.2019

ЦЕНА: 99€ /6140 ДЕНАРИ

ВЕНЕЦИЈА

Едноставно плени со своите разобојни палати, канали, безброј мостови, тесни улички, мали плоштади… Трагата на вековите што изминале е впиенa во секој нејзин дел.  Посетете ја Дуждевата Палата и уверете се во моќта и сјајот на владетелите на Венеција. Мостот на Воздишките е врзан за многу легенди, но вистината за него е многу поинаква од првата љубовна асоцијација… Црквата Св. Марко и огромниот истоимен плоштад се срцето на Венеција, каде што се почнува и завршува, па и волшебниот Венециски Карневал. Најголемата туристичка атракција сепак не е и  најкарактеристичниот дел на градот. Симбол на Венеција, многу повеќе отколку златниот Св.Марко, e најромантичното превозно средство – гондолата. Дозволете си романтична прошетка со гондола низ живописните канали и невообичаен поглед на прекрасниот мост Rialto, кој ги поврзува шесте квартови наn Венеција, распослани на двете страни од Canal Grande… На момент застанете и запловете со мислите низ просторот и времето, можеби затскриени зад некоја раскошна венецијанска маска.Залудно е да се набројуваат имиња на уметници или морепловци, за да се долови големината на овој магичен град. Неговата големина, е самиот тој! Венеција, едноставно, мора да се доживее, а воодушевувањето гарантирано нема да изостане…

МИЛАНО

Градот на високата мода.Историски и модерен, космополитски центар, Милано е најдобриот избор за доживување на вистинската италијанската култура и ноќен живот.Посебно ги привлекува љубителите на модата од целиот свет, а посетата е задолжителна за сите во време на модната недела.Милано е динамичен град, започнете со аперитиво, лесен оброк и чаша вино, прошетка по Спига, низ Галерија Виторио Емаунуеле и заокружете го доживувањето со вкусен италијански специјалитет…во кујната на италијаните ништо не може да биде погрешен избор.

ЉУБЉАНА

Љубљана – главен град на Словенија, сместен на местото каде реката Љубљаница се влева во Сава, во Централна Словенија, меѓу Алпите и Средоземното Море.

Љубљана е град од бајките. Често споредуван со Прага, тој е градот од вашите детски фантазии. Иако нема принцови кои шетаат по бројните замоци, сепак има некој неопишлив шарм кој голем дел од европските градови веќе го изгубиле. Материјализирајќи ја детската фантазија, магичните чуда, во Љубљана се наоѓаат добри кафулиња, интересна архитектура и има што да посетите.

ПРОГРАМА:

Прв ден: Виница – Кочани – Штип – Велес – Скопје – Љубљана-Лидо ди Јесоло

Состанок на групата во по договорено време во попладневните часови  пред т.а. Либеро Травел, попатно ги земаме патниците од Штип (нова пошта) Велес (нов кружен, бензинска Макпетрол), Скопје (Скопски саем, паркинг кај хотел ВИП).Ноќно патување преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи и царински формалности.

Втор ден: Љубљана /Шопинг центар BTC CITY

Пристигнување во Љубљана. Разглед на градот индивидуално: споменикот и плоштадот на Франц Прешерн, Трите Мостови на реката Љубљаница, црквата св. Марија, Љубљанскиот дворец…Слободно време за прошетки низ Љубљана, по договорено време тргнуваме кон BTC CITY во близина на Љубљана,еден од најголемите и најевтините шопинг центри во Европа со над 500 продавници. слободно време за шопинг. По договорено време се упатуваме кон Лидо ди Јесоло и се сместуваме во хотелот.Ноќевање.

Трет ден: Лидо ди Јесоло – Милано. (факултативно)

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативен излет до градот на модата Милано: пристигнуваме во предпладневните часови. Разглед на градот со локален водич: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот. Потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle – најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton итн.) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. Слободно време за шопинг и индивидуални активности.Можност за посета на Црквата Santa Maria delle Graziе.Враќање во хотелот во вечерните часови.Ноќевање.

Четврти ден:  Лидо Ди Јесоло – Венеција  – Кочани.

Појадок. Одјавување од хотелот. Се упатуваме кон Венеција, патниците кои не се пријавени факултативно за Венеција ги оставаме во Лидо ди Јесоло, а со останатите продолжуваме кон пристаништето Пунта Сабиони и се упатување со брод кон Венеција. Разглед на градот со локален туристички водич: плоштадот Св. Марко, Базиликата, Дуждевата палата, мостот Риалто, мостот на Воздишките… Слободно време за индивидуални активности.Состанок на групата во претходно договореното време со водичот и враќање во Лидо, ги земаме преостанатите патници, продолжуваме во еден од најпознатите шопинг центри во Европа – Палманова, можност за шопинг 2-3 часа, по договор.Тргнување за Македонија во попладневните часови.Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија.

Петти ден: Кочани.

Враќање во Кочани во раните утрински часови во зависност од задржувањето на границите и условите на патот.

УПЛАТА ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 14.09.2019

ЦЕНА: 99€ /6140 ДЕНАРИ

ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 109€ /6760 ДЕНАРИ

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во 1/2 и 1/3 соби во Лидо ди Јесоло
  • Посета на Љубљана /Шопинг центар BTC CITY
  • Организација на аранжманот
  • Придрижник од агенцијата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Посета на Венеција (превоз со брод од Пунта Сабиони+водич) – 20€
  • Посета на Милано (превоз +водич) (30€)
  • Влезници за локалитетите
  • Индивидуални трошоци
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување (200 денари)
  • Доплата за еднокреветна соба – 45€

ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 10% попуст

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата.Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца.

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот.Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.