КРИТ - (Атина - ИРАКЛИОН – Ханиа - Кносос)

КРИТ -  (Атина - ИРАКЛИОН – Ханиа - Кносос)

 

 19.10.2019 Поаѓање во 05 ч преку Гевгелија за Атина со попатни паузи. Пристигнување во Атина во поладневните часови. Се оди до пристаништето на Атина – Пиреја - најголемото пристаниште на Балканот и нејзините Марини од каде вечерта се поаѓа со брод за Крит. 20.10.2019 Во утринските часови пристигнување на Крит во главниот град Ираклион, кој со векови се викал Кандија – како и цел остров, четврт град по големина во Грција - 140.000 ж. основан во 9 - ти век од Сарацените, па во 961 г. Византијците го заземаат и држат 243 г, за да во 1204 г градот е купен од Млетачката Република, кога е населен со Венецијански фамилии па се меша културата, за да после 22 г опсада заземен е од Османлиското царство.

1898 - 1908 г Крит станува самостојна држава под меѓународна управа и оттогаш е преименуван во Ираклион по грчкиот јунак Heraklu. Во 1913 г Ираклион комплет со Крит е припоен кон Грчкото кралство. Главна знаменитост на градот е тврдината Roca al Mare (Koules), па локалното население го вика Kastro - дворец; градската катедрала Agios Minas, црквата св. Катерина, фонтаната на плоштадот Венизелои, музејот... Сместување во хотел. Слободно време во центарот на Ираклион. Ноќевање.              

21.10.2019 Појадок. Факултативен целодневен излет до Ханиа, кој е втор град по големина на Крит, со богата историја слична на Ираклион. Може да се види старата тврдина Фиркас со Венецијански и Турски особини, поморскиот музеј - Мартиме, Турската џамија Хасан Паша - која служи како изложбена зграда со поглед према морето и Светилникот, црквата св. Никола... Слободно време во стариот град на Ханиа. Враќање в хотел. Ноќевање.
22.10.2019 Појадок. Факултативен полудневен излет до Минојската палата на Кносос-прва Европска цивилизација – 2000 г. п.н.е., едно од најважните археолошки наоѓалишта, па заминување на пристаниште во Ираклион, од каде вечерта со брод се плови за Пиреа...
23.10.2019 Пиреа - Атина: Панорамско разгледување на Атина со локален водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адрија, Акропол... Потоа се продолжува за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
24.10.2019 Пристигнување во Македонија во ноќните или раните утрински часови.  

 

                         ЦЕНА: 12900 денари

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз на наведената релација
- Сместување на база  2 НП во хотел со 3* во Ираклион

Превоз со брод на ДЕК: Пиреа - Ираклион – Пиреа
- Разгледување на Атина со локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на групата  

  

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување - без франшиза 
- Факултативен целодневен излет до Ханиаб - (20 евра)
- Влезници за локалитетите (Кносос, Акропол) и други факултативни посети    

 


Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.