БУДИМПЕШТА 8-МИ ДЕКЕМВРИ

БУДИМПЕШТА

1 ден  06.12.2019 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден 07.12.2019 БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Препорачуваме панорамско разгледување на градот со стручен локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел... Ноќевање.

3 ден   08.12.2019 БУДИМПЕШТА – ВИЕНА Појадок. Препорачуваме посета на Виена, панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Во попладневните часови посета на шопинг центарот во Пандорф. Враќање во Будимпешта.. Ноќевање.

4 ден 09.12.2019 БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА Појадок. По појадокот заминуваме на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта... предлагаме крстарење со брод по Дунав. По крстарењето слободно време за индивидуални прошетки во центарот на градот. Поаѓање за Македонија во вечерните часови.Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 10.12.2019 СКОПЈЕ  Пристигнување во Скопје во утринските часови ..

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 99 € / 6.140 ден

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус

  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Будимпешта (околина)

  • Организација и водство на програмата

  • Организација на аранжманот

  • Лиценциран туристички придружник

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 175 денари

  • Разглед на Будимпешта 10€

  • Крстарење по Дунав 15€

  • Посета на Сент Андреа 10€

  • Посета на Виена и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 35€

  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости

  • Доплата за еднокреветна соба 1,550 денари

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

  • За уплати на “early booking” потребна е уплата 30% од вкупната сума на аранжманот

  • Попустите не се комбинираат

  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на СКТМ

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање