БОЖИЌЕН БАЗАР во БЕРЛИН

БОЖИЌЕН БАЗАР во БЕРЛИН

14.12.2019 – 17.12.2019

 (4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА)

Главниот и најголемиот град во Германија Берлин, претставува прекрасна комбинација на богата историја, ноќен живот, архитектура и култура кој до денес прерасна во европска метропола. Истовремено познат како еден од најзелените градови во Европа, Берлин денес брои над 60% зелена површина составена од паркови и реки. Берлин е град кој заслужува да биде на Вашата листа на европски градови кои задолжително треба да се посетата!

1 ден (14.12.2019 - сабота) | Скопје - Берлин

Состанок на групата со претсатвник во 17:25 часто на Меѓународниот аеродром во Скопје. Полетуваме кон Берлин во 19:25 часот со авиокомпанијата Wizz Air и број на лет W6 7739. Пристигнуваме во Берлин при што следува огранизиран трансфер до хотел. Ноќевање.

2 ден (15.12.2019 - недела) | Берлин

Појадок во хотел. Ден предвиден за индивидуални прошетки или во договор со претставникот од агенцијата. Наш предлог е посета на следните знаменитости: Меморијалната Црква, Европа-центарот, Новата национална галерија, Филхармонијата, плоштадот Потсдам, Sony центарот, плоштадот Александар плац, Градска куќа, ТВ кулата, Катедралата, Операта, Брандербуршката порта, Рајхстагот, остатоците од познатиот Берлински ѕид, Checkprint Charie e најпознатиот премин на Берлинскиот ѕид, а за многумина единствена можност за бегство од Источен во Западен Берлин. Во вечерните часови уживаме во прекрасните бои на божиќниот маркет, пропратен со вкусна храна и одлична забава. Можност за посета на Icebar (со доплата) за едно поинакво искуство, во бар создаден од 69 тони мраз. Се враќаме во хотел индивидуално или во договор со придружникот од агенцијата Ноќевање.

3 ден (16.12.2019 - понеделник) | Берлин

Појадок во хотел. Наш предлог за денес е посета на таканаречениот остров на музеи (Museum Island). Лоциран во срцето на Берлин на реката Спри (Spree), овој остров нуди 5 различни музеи, меѓу кои и Пергамон, во кој можете да уживате во непроценлива збирка на антиквитети. Слободно време за прошетка и дегустација на најразлични традиционални специјалитети кои ги нуди овогодишниот божиќен маркет. Шопинг на сувенири е неизбежниот дел на овој настан, пред да се вратиме во хотел или посетиме највисоката зграда во Берлин – TV Tower Berlin (со доплата), каде ќе го доживееме градот од височина, со прекрасен панорамски поглед во вечерните часови, кога градот свети во најразлични бои. Се враќаме во хотел индивидуално или во договор со придружникот на групата. Ноќевање.

4 ден (17.12.2019 - вторник) | Берлин - Скопје

Појадок во хотел. Се одјавуваме од хотелот и багажот го оставаме на безбедно место, во посебни простории на хотелот. Ова е последен ден за истражување на Берлин, а во договор придружникот или индивидуално, предлагаме да прошетате низ страриот дел на градот. Последно кафе, пиво или вкусна храна, пред да заминеме кон аеродромот со организиран трансфер. Полетуваме кон Скопје во 22:25, а слетуваме во 00:40 часот.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 195

*Ограничен број на места!

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Берлин - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Мала кабинска торба (РАНЕЦ/ТОРБА) до 8 килограми и максимални димензии 40x30x25 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел Holiday Inn Express berlin City Centre West 3* (или сличен) - 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Трансфер аеродром - хотел – аеродром;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси  - 3.100 мкд (50€);
  • Билети за јавен трансфер;
  • Влезница за Icebar (влезница + придружник од агенцијата) - 20€;
  • Влезница за TV Tower Berlin - 25€;
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици;
  • Задолжително патничко осигурување;