НОВА ГОДИНА ВО ВЕНЕЦИЈА 2020

 

Венеција – Господарка на Јадранот… чудесен град на вода со повеќе од 400 канали и исто толку мостви, со векови е еден од најчудесните градови што некогаш човекот ги создал…Венеција е колаж од раскошни палати на каналот Гранде, таинствени улички, канали, мостови, гондоли, повеќе од 100 фасцинантни цркви, симпатични плоштади и колоритни фасади… Најуникатен град на планетата Земја… во минатото најмоќна светска поморска и трговска сила… денес го живее истиот сјај од врвот на својата слава во 15 от век. Венеција не може никој да Ви ја прераскаже… едноставно морате да ја доживеете нејзината убавина.

1 Ден 29.12.2019 СКОПЈЕ

Состанок на групата во 10.30 ч на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Поаѓање во 11.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
 

2 Ден 30.12.2019 -ВЕНЕЦИЈА - ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО:

Пристигнување во Пунта Сабионе во претпладневните часови. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко. Сместување во хотел. Ноќевање.
 

3 Ден 31.12.2019 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ФИРЕНЦА

Појадок. По појадокот предлагаме целодневен излет до Фиренца. Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити... Во вечерните часови враќање во Лидо и можност да се прослави Нова година на градските плоштади. Ноќевање.
 

4 Ден 01.01.2020 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - СИРМИОНЕ – ВЕРОНА

Појадок . Напуштање на собите. Ве водиме до Сирмионе-езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура а потоа посета на Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
 

5 Ден 02.01.2020 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
 
  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во регија Венето, хотел 3*
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник на патувањето

Цена за уплата до 15 Ноември:  129 € / 8.000 ден.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 149 € / 9.240 ден.