Неа Рода - Lazaridis Hotel | Luxury Studios & Apartments

НЕА РОДА - Lazaridis Hotel | Luxury Studios & Apartments

Живописното приморско место Неа Рода  е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено...На спротивниот дел од Неа Рода се наоѓа мало пристаниште од каде секој ден од локалните риболовци можете да купите свежа риба и морски плодови по многу поволни цени. Целосно затскриениот залив е исто така популарен меѓу сурферите и љубителите на глисери.  Во непосредна близина на апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида во преубавиот залив Akanthios се наоѓа плажата  VoulitsaАтрактивната песочна плажа  ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.

 

На околу 150 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос се наоѓа хотелот од апартмански тип „Lazaridis“ во кој располагаме со двокреветни и трокреветни студија (со фотелја на расклопување) на високо приземје, прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартхотелот „Lazaridis“ има рецепција, сеф, снек бар и прекрасна тераса која можат да ја користат гостите, а нуди и можност за хотелски појадок (со доплата на рецепција). До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење, а доколку се одлучите да ги обиколите околните плажи, тогаш изборот задолжително нека биде на атрактивната плажа Voulitsa“ која уштена првата средба ќе Ве остави без здив (се наоѓа во непосредна близина на хотелот). 

 

Напомена: Во студијата 1/2+1 можат да се сместат макимално 3 лица-двајца возрасни и дете до 12 години. Во овие студија невозможно е да се сместат 4 лица-двајца возрасни и две деца без оглед на возраста на децата.

 

-7% попуст за целосна уплата до 31.03.2019 

 

 

-Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз

-Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети, користење на клима уредот е вклучено во цената

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

-Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

-Доплата за туристичка такса се плаќа во агенцијата -0,50 евра по соба од ден.

-Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Рода

-Тргнување од Скопје во 04.00 часот

-Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра