НОВА ГОДИНА ВО БАРСЕЛОНА 2020

 

Посетете ја каталонската кралица на Медитеранот,величенствениот град со прекрасна убавина кој живее 24 часа дневно,софистицираната,елегантна и романтична стара дама – неповторливата Барселона. Град кој ќе ве освои на прв поглед,град кој го воодушеви Пикасо,градот на Гауди,Колумбо….Уживајте во импресивните и необични градби на Антони Гауди кои го чинат овој град единствен.

 

30.Декември (Понеделник) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:30 часот. Полетување за Барселона во 18:30 часот. Пристигнување во Барселона во 21:20 часот. Трансфер до хотелот. Ноќевање.
 
 

31.Декември (Вторник) БАРСЕЛОНА

Појадок. Организиран панорамски разглед на Барселона: авенијата Diagonal која Барселона ја дели на источен и западен дел, прекрасната катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија - централниот градски плоштад точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо - местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија (Plaza Espanya) на кој се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и “Магичните фонтани” со величествена игра на вода, светлина и музика, плажата Барселонета, Шпанското село (Pueblo Espanol) комплекс на градби во разни архитектонски стилови од цела Шпанија... Слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта дочек на Новата Година на некои од плоштадите на Барселона. Ноќевање.

 

01.Јануари (Среда) БАРСЕЛОНА

Појадок. Слободно време за индивидуални активности, или прошетка (со метро) до паркот “Guell” - ремек дело на познатиот шпански архитект Антонио Гауди .Прекрасните медитерански градини и специфичните фигури, препознатливи по својата уникатност, денес се дел од листата на светското културно наслетство под заштита на UNESCO. На враќање, прошетката продолжува по авенијата De Gracia со познатите Гаудиеви згради: “Casa Mila” и “Casa Batllo”. Попладне препорачуваме поршетка низ Готскиот кварт, срцето на стариот град на Барцелона, со познатата Катедрала, Улицата на Кралевите со средновековните згради, , плоштадот “San Jaime”... Ноќевање.
 
 

02.Јануари (Четврток) БАРСЕЛОНА (Фигерас И Герона)

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки и можност за шопинг во познатите шопинг центри од градот, или факултативен излет до Фигерас и Герона – посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3D колажи, како и приватната колекција на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar... Слободно време за кафе пауза. Вечерта, факултативна вечер со Фламенко шоу. Ноќевање.

 

03.Јануари (Петок) БАРСЕЛОНА - СКОПЈЕ

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за прошетка (со метро) до Олимпиското пристаниште и плажата Барселонета. Можност за посета на Аквариумот - еден од наголемите и најубавите во Европа. Попладне, препорачуваме посета на Триумфијалната Порта, Главниот парк со неговите градини... Можност за посета на многубројните музеи, како Музејот на Пикасо и Чоколадниот Музеј. Попладне трансфер до аеродормот во Барселона. Лет за Скопје во 21:15 часот. Пристигнување во Скопје после полноќ во 23:55 часот, наредниот ден.
 
 
 
– Авионски превоз на релација Скопје – Барселона – Скопје (со Wizz-Air)
– Трансфери во Барселона, на релација: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во “Hotel Madanis” **** , на база 4 ноќевања со појадок
– Организиран панорамски разглед на Барселона со водич
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
– Туристичка такса 1.5€ на ден.
 
 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 499 € / 30.938 ден