8-ми Март/ Венеција – Фиренца – Љубљана

8-ми Март  / Венеција – Фиренца – Љубљана

Термин: 05-09.03.2020

ЗА УПЛАТА ДО 01.02.2020: 99€/6.140ден

Венеција град чудо, град од соништата кој плени со своите разнобојни палати, канали, тесни улички, безброј мовчиња, мали плоштади. За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и „Огледало на душата“, „Кралица на Јадранот“, „Градот на вода“, „Градот на мостовите и каналите“, „Градот на маските“, „Градот на најпознатиот Карневал“, „Градот на креативноста и љубовта“, едноставно градот на среќните лица заслепени од убавината на истиот.  Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Изградена врз дрвени столбови, нејзината архитектура е како да лебди над вода. Заради нејзината уникатност Венеција е заштитена од УНЕСКО. Во 1980 година, Карневалот во Венеција го оживеа градот и стана еден од главните центри зa меѓународни конференции и фестивали, како што e престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, филмски, уметнички и музички продукции. За Венеција не треба и посебно претставување, таа е позната како Серенисима (Најмирна) Венеција и има моќ да ги воодушевува сите оние кои прв пат доаѓаат и оние кои повторно се враќаат кај неа. 

Фиренца е еден од оние градови за кој луѓето сонувале да го посетат уште пред стотици години. За време на ренесансата таа е главен центар на мислата, изразувањето и уметноста од сите видови. Таа низ годините ќе биде дом на бројни артисти, изумители, писатели, научници и истражувачи, тука е исто така родена и операта, во Фиренца е создадена и фирентиската валута, која одиграла доста значајна улога и ја подигнала Европа од Мрачната Доба на 14от век. Голем број прекрасни цркви, раскошната палати и импресивни споменици биле изградени во текот на вековите, што ја  прави Фиренца еден од најпосетените градови во Италија! Наликувајќи на еден огромен отворен уметнички музеј сама по себе, градот привлекува милиони туристи во било кое време од годината. Прошетката со локален водич е најдобриот начин да ја запознаете Фиренца и да уживајте во магијата на овој град кој никого не остава рамнодушен. Едноставно, Фиренца е нешто што мора да се доживее.

Љубљана – главен град на Словенија, сместен на местото каде реката Љубљаница се влева во Сава, во Централна Словенија, меѓу Алпите и Средоземното Море. Љубљана е град од бајките. Често споредуван со Прага, тој е градот од вашите детски фантазии. Иако нема принцови кои шетаат по бројните замоци, сепак има некој неопишлив шарм кој голем дел од европските градови веќе го изгубиле. Материјализирајќи ја детската фантазија, магичните чуда, во Љубљана се наоѓаат добри кафулиња, интересна архитектура и има што да посетите.Еден ден во Љубљана е како ден поминат во омилените приказни.

Програма на патување:

1.Ден 05.03.2020 (Четврток) Виница – Кочани – Штип – Велес – Скопје –Kуманово – Верона – Лидо ди Јесоло

Состанок на групата во по договорено време во попладневните часови  пред т.а. Либеро Травел, попатно ги земаме патниците од Штип (нова пошта) Велес (нов кружен, бензинска Макпетрол), Скопје (Скопски саем, паркинг кај хотел ВИП) Куманово (Мак Петрол). Ноќно патување преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден 06.03.2020 (Петок) Љубљана /Шопинг центар BTC CITY– ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Љубљана. Разглед на градот индивидуално: споменикот и плоштадот на Франц Прешерн, Трите Мостови на реката Љубљаница, црквата св. Марија, Љубљанскиот дворец…Слободно време за прошетки низ Љубљана, по договорено време тргнуваме кон BTC CITY во близина на Љубљана,еден од најголемите и најевтините шопинг центри во Европа со над 500 продавници. слободно време за шопинг. По договорено време се упатуваме кон Лидо ди Јесоло и се сместуваме во хотелот.Ноќевање.

3.Ден 07.03.2020 (Сабота) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ФИРЕНЦА
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Организиран разглед со локален водич: Црквата Санта Крочеплоштадот СињориПалацо и Понте ВекиоДуомото Санта Марија дел Фјорекрстилницата Сан Џовани… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во попладневните часови враќање во хотел, пристигнување во вечерните часови. Ноќевање.

4.Ден 08.03.2020 (Недела) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИJА 

Појадок. Одјавување од хотелот. Се упатуваме кон Венеција, единствениот град на вода кој лежи на дрвена конструкција, патниците кои не се пријавени факултативно за Венеција ги оставаме во Лидо ди Јесоло, а со останатите продолжуваме кон пристаништето Пунта Сабиони и се упатување со брод кон Венеција. Разглед на градот со локален туристички водич: плоштадот Св. Марко, изграден 50 метри над водата на темелите на дрвени греди, Базиликата, Дуждевата палата, мостот Риалто, мостот на Воздишките… Слободно време за индивидуални прошетки, уживање во вкусот на најубавото и највкусното италијанско кафе, можност за возење со елегантните гондоли, шопинг низ тесните улички кои се преплавени со обележјето на градот – венецијанските маски..Состанок на групата во претходно договореното време со водичот и враќање во Лидо, ги земаме преостанатите патници, продолжуваме за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија.

5.Ден 09.03.2019 (Понеделник) Македонија
Пристигнување во Македонија во околу пладне.

ПРОМО ЦЕНА за резервации до 01.02.2020 – 99€/6.140ден
(ценaтa важи со пријава на пакет факултативи 65€)
Редовна цена 109€/6.760ден

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
  • Сместување во хотел 3* во Лидо ди Јесоло vo 1/2 и 1/3 соби на база 2 ноќевања со појадок:
  • Посета на Љубљана /Шопинг центар BTC CITY
  • Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко и здравствено осигурување 150ден;
  • Превоз со брод  до Венеција – 20€;
  • Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 45€ (мин. 30 пријавени);
  • Влезници по културно – историските знаменитости.

Попусти и опционални доплати:

  • Доплата за еднокреветна соба 40€/2.480ден;
  • Попуст за 3то лице на дополнителен кревет -10% (на барање);
  • Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 10€/620мкд (мин. 2 седишта);
  • Доплата за дополнително седиште во автобус 80€/4.960ден.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС :

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Т.а. Либеро Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите/апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањет.
  • Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи ,за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. Либеро Травел и на самата агенција.
  • Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Со оваа програма важат Општите услови