ВЕЛИГДЕН ВО NEW YORK

ВЕЛИГДЕН ВО NEW YORK
Посебен, уникатен, единствен на светот
15.04.2020 – 21.04.2020 (8 дена / 6 ноќевања)


Њујорк е една од најинтересните и најпосетуваните дестинации на светот. Град кој дефинитивно остава импресивен впечаток на секој посетител, не само со својата големина, туку и со содржините кои ги поседува. Препознатливите архитектонски симболи на градот, како што се Статуата на Слободата, Empair State Building, Rocfeler Center, … дефинитивно ќе ве остават без здив. Лоциран на природно пристаниште на брегот на Атлантскиот Океан во североисточниот дел на САД, градот се состои од пет урбани подрачја: Бронкс, Бруклин, Менхетн, Квинс и Стејтн Ајленд. Понекогаш именуван како „Градот што никогаш не спие“ Њујорк има и други прекари: „Главниот град на светот“, „Готам“ и „Големото јаболко“. Најпознати туристички места се Петата авенија, Централ Парк, Бродвеј, булеварот кој се протега од јужен до северен Менхетен…
Многуумина кои за првпатт престојуваат во Њујорк ,посакуваат денот да трае многу долго, за да можат да посетат и да ги доживеат многубројните атракции и случувања, кои во градот кој никогаш не спие ги има во бесконечност… За да се види се што овој модерен центар го има, ќе посакате да се вратите повторно...
Програма на патување:
1 ден 15.04: Скопје – Истанбул - Њујорк

Состанок на групата на Аеродром Скопје во 07:00 часот. Лет за Истанбул со ТК1004 во 09:15 часот. Оброк во авион. Слетување во Истанбул во 11:50часот. Полетување за Њујорк со ТК11 во 18:35. Слетување на аеродромот во Њујорк во 22:30 часот. По завршување на пасошки и царински контроли, пречек од страна на претставник на локалниот партнер и трансфер до хотел. Ноќевање.

2 ден 16.04: Њујорк

По појадокот, групата заминува на полудневен панорамски разглед на Њујорк во траење од 4 часа. Ќе ги погледнеме Columbus Circle, Broadway street, Central Park (Upper West and East side), 5th Avenue, Flatiron building, Greenwich Village and Soho, Brooklyn Bridge and Grand Zero. По завршување на разгледот, слободно попладне, време за ручек и шопинг. Можност за индивидуална посета на Empire State Bulding, каде што од висина од 320 метри ќе имате спектакуларен поглед на Њујорк во време кога се палат сите светилки. Враќање во хотел. Ноќевање

ден 17.04 Њујорк – Вашингтон

Појадок. Можност за факултативен целоднвен разглед на Вашингтон. Со автобус се упатуваме од Њујорк до Вашингтон (околу 4 часа возење). По пристигнување пречек од локалниот водич и започнување со разгледување на најпознатите места (не се влезови и влезници во наведените објекти), како Белата Куќа, Капитол Хил, Пентагон, Lincoln Memorial, музеи, Georgetown со универзитетите. По завршување на турата, слобно време во траење од 1 час. Потоа се упатуваме назад за Њујорк. Пристигнување во хотел околу 20-21 часот. Ноќевање.

– 6 ден 18.04 - 20.04 : Њујорк

Појадок. Денови за слободни активности. Можност за индивидуални разгледи. Предлагаме патување со брод каде ќе имаме можност да ја видиме Статуата на слободата, што е подарок на САД од страна на франскускиот народ по повод 100 годишнината од американската независност. Можност за прошетка низ Менхетен и посета на Times Square, или пак посета на Wall street. Можност за посета на некој од многу бројните музеии во Њујорк (Metropoliten Gugenhajm, Музејот на модерната уметност). Ноќевање.

7 ден 21.04: Њујорк – Истанбул
Појадок. Одјавување според хотелски правила. Багажот го оставаме во хотел. Слободно време до трансфер за на аеродром. Трансфер до аеродром за лет до Истанбул со TK12 во 00:10.
8 ден 22.04: Исанбул – Скопје

Пристигнување во Истанбул во 16:50 часот. Лет за Скопје ТК1005 во 19:30, пристигнување во Скопје во 20:00 часот.

ХОТЕЛ 3* / Wingate by Wyndham
Long Island City

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ

15.04.2020 – 22.04.2020

ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ

15.04.2020 – 21.04.2020

УСЛУГИ

6 ноќевања со појадок

НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ

6Н / 8Д

Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 05.Февруари

1595 € / 98.890 мкд

Цена по лице во 1/2 соба со ВКЛУЧЕНИ аеродромски такси

1745 € / 108.190 мкд

Попуст за трето возрасно лице

-285 € / -17.670 мкд

Доплата за еднокреветна соба

595 € / 36.890 мкд

*** МЕСТАТА СЕ ЛИМИТИРАНИ, А ЦЕНИТЕ ВАЖАТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 05.02!

За резлизација на аранжманот потребен е минимум од 12 патници.

Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€.

Општите услови за патување на агенцијата и СКТМ се составен дел од овој аранжман.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз Скопје – Њујорк – Скопје со Turkish Airlines

  • 6 ноќевања во хотел на база на ноќевање со појадок

  • Вклуечен полудневен панорамски разглед на Њујорк

  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром

  • Асистенција од претставник на локален партнер

  • Организација на аранжманот и пратител за група над 12 патници

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Задолжителни бакшиши за возач / водич и во хотел

  • Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата

  • Задолжително патничко осигурување

  • Дополнителни факултативни посети и екскурзии

Забелешки:

Виза за Америка за лица со македонски пасоши е потребна. Патниците се должи сами да ја извадат визата и истата изнесува 160$. Аурора Турс може да посредува во припрема и пополнување на апликацијата. Цената за оваа услга изнесува 20€ по пасош.

За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.

Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.

Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.

Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот и факултативните излети.

Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето