Неос Мармарас - Vila Mersinis

НЕОС МАРМАРИС - Vila Mersinis

Вилата Mersinis“ во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија има се што Ви е потребно за вистински одмор: комфорни апартмани, двор со зеленило, простор за скара и вечерни седенки, паркинг, преубава плажа, мир, спокојство...Вилата е комплетно изолирана од градската врева; лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас, во непосредна близина на кампот Castello“ и е оддалечена само 2 км од прочуената Lagomandra Beach“. Совршена локација за летно уживање! Гостите кои ќе летуваат во вилата Mersinis“ ќе ја користат плажата на кампот Castello која се наоѓа на само 150 метри од вилата. Во кампот можете да пазарувате во мини маркетот. Доколку сте без сопствено возило а имате потреба да го почуствувате пулсот на градот, автобуската постојка е на само 200 метри од вилата.

 

Вилата Mersinis“ има шест пространи апартмани на приземје, прв и втор спрат кои имаат големи тераси со поглед во дворот или на локалниот пат кој води до Неос Мармарас. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни, купатила, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. 

-Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз

-Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети, користење на клима уредот е вклучено во цената

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

-Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

-Доплата за туристичка такса се плаќа во агенцијата -0,50 евра по соба од ден.

-Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неос Мармарис

-Тргнување од Скопје во 04.00 часот

-Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра