Аг. Никитас - Spiros Studios

АГИОС НИКИТАС е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е на рид помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекрасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна.

Во близина на Агиос Никитас се наоѓаат некои од најубавите плажи во Европа, на југ од селото се наоѓа Milos Beach именувана по разрушена мелница до која се стига со пешачење, на север од селото се наоѓа Pefkoulia Beach позната и како Agios Nikitas Beach. Исто така на овој дел од островот се сместени и плажите Porto Katsiki, Egremni, Kathisma, Ligia.

 

Вила Спирос

Вила Спирос се наоѓа на 300метри од плажа, на почетокот на Аг.Никитас (види мапа) во нејзина близина се наоѓа продавница на 100м, rent a car и rent a bike на 100м, централната пешачка уличка се наоѓа на 100м од вилата, на која се наоѓаат ресторани, таверни, продавници за храна, гиро, слаткара, продавници за сувенири.

Вилата располага со двокреветни студија со дупли кревет и трокреветни студија со еден дупли кревет и еден единечен, сите имаат мини кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, сопствен тоалет со туш, клима и туш, терасата е надворешна, заедничка за сите соби оделена со паравани и се излегува на неа од влезната врата на студиото. Терасите се со страничен поглед на море

Капацитетот на собите: во двокреветна соба максимум 2 лица, во трокреветна соба максимум 3 лица.

Гпс координати: 38°47’20.6″N 20°36’49.7″E

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 62 МКД

 

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 50% аконтација.

 

 

 

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 30.04.2019

 

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз.Повратен превоз до Лефкада чини:

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:

 

Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице

Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -50€ по лице

Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) -45€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:

 

Битола-Автобуска станица Транскоп – на перон-40€ по лице

Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -45€

Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -45€ по лице

Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) -Трансфер до Битола -45€ по лице

Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -45€ по лице

Ресен (спроти автобуска станица) -Трансфер до Битола -45€ по лице

 

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

 

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 15 Евра од редовната цена од Битола и 10еур од Скопје

– Деца до 1,99 години бесплатно

-Возрасно лице над 63год – попуст 10еур

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

*За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст
*Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител,
*Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
*Важат Општите услови на СКТМ

 

Време на поаѓање за Лефкада:

 

01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола

01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола

12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола

02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола

03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)

03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола

02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)

02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансвер до Битола

02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

 

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

GPS:38°47’20.6″N 20°36’49.7″E