Нидри - Studia Afroditi

НИДРИ е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот Лефкада. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга камена градска плажа. Покрај пристаништето во кое се закотвени бродовите кои крстарат околу островот и превезуваат капачи до другите островчиња, тука се наоѓа и марината за јахти која претставува совршено уточиште на многубројните наутичари и едриличари

СТУДИА АФРОДИТИ – Б кат – на самиот брег, 250 метри од плажа, во непосредна близина на центарот каде има многуте таверни и шеталиштето. Студиа Афродити имаат уреден двор со  зеленило и мала пицерија, рецепција. Студијата се  опремени со мали  кујни, тоалет, ТВ, клима, тераси, чистење на апартманите на 3 дена. Студијата се со традиционален дизајн , со различна големина , некои се со поглед на море.

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Цените се дадени по студио за 7 ноќевања без попуст во евра, плаќањето е во денарска противредност 1 Евро = 62 Денари

GPS Kоординати: 38°42’19.2″N 20°42’32.3″E

 

На Промо цените не следува попуст за уплатени 2 последователни аранжмани и попуст за рана резервацијаистите се резервираат со 50% аконтација.

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 30.04.2019

 

Во цената не е вклучен превоз.Повратен превоз до Лефкада чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:

Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице

Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -50€ по лице

Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) -45€ по лице

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:

Битола(Автобуска Станица Транскоп на перон)-40€ по лице

Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -45€

Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -45€ по лице

Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) -Трансфер до Битола -45€ по лице
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -45€ по лице

Ресен (спроти автобуска станица) -Трансфер до Битола -45€ по лице

 

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

 

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 15 Евра од редовната цена од Битола и 10еур од Скопје

– Деца до 1,99 години бесплатно

-Возрасно лице 63год – попуст 10еур

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

*За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст
*Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител,
*Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
*Важат Општите услови на СКТМ

 

Време на поаѓање за Лефкада:

 

01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола

01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола

12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола

02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола

03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
04:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп на перон)

03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола

02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)

02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансвер до Битола

02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

 

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

Локација:

GPS:38°42’19.2″N 20°42’32.3″E