ЛУКОВСКА БАЊА

Луковска Бања се наоѓа на југот на Србија, на источните падини на Копаоник. Иако се наоѓа на 681м. надморска висина, што ја чини највисока бања во Србија, опкружена е со височини од преку 1000 метри, па има пријатна умерена клима. Луковска Бања ја карактеризираат обилни извори на минерална вода, недопрена природа на шумливиот Копаоник и кристално чистиот воздух. По бројот на извори на минерални води, различниот состав и температурата спаѓа во најбогатите во земјата. Во нашата бања може да бирате да бидете сместени во еден од двата хотели: “Копаоник” (изграден 2000 година) и “Јелак” (2009 година), кои во својата понуда ги обединуваат сместувањето и удобните соби, современи медицински третмани, базени со термална вода… Својот престој можете да го поминете активно, во прошетка по преубавите стази низ преубавата природа, бавејќи се со спорт на терените и во салата, на некои од излетите кои ги организираме за своите гости… На Вас е да изберете се она што за Вас представува идеален одмор! http://www.lukovskabanja.com/

ЦЕНОВНИК

ХОТЕЛИ “Копаоник” и “Јелак” БО ден – основен БО ден – комплетенn

ЈУЛИ – СЕПТЕМВРИ                        30€                       39€

ОКТОМВРИ                                       29€                       39€

НОЕМВРИ – ДЕКЕМВРИ                 26€                       36€

БО ден – основен подразбира: пансион во двокреветна соба, лекарски прегледи, користење на базен со лековита вода, сала за рекреација и спортски терени. БО ден – комплетен подразбира: пансион, лекарски прегледи, бањање во лековита вода во када (хидротерапија), електротерапија, кална терапија, подводна масажа (или бисерна купка), мануелна масажа и користење на базен со лековита вода. Престојот во новиот дел на хотелот “Копаоник” се доплаќа по 3 евра дневно по лице, додека престојот во апартманите се доплаќа по 9 евра дневно по лице. Цената на полупансионот се намалува за 2,5 евра. Доплатата за еднокреветна соба изнесува 13 евра дневно. Таксата за престој е вкалкулирана во цената. Осигурувањето се наплаќа дополнително 10 денари по лице дневно. Деца до 5 години престојуваат бесплатно, а деца од 5 до 10 години плаќаат 50% од наведената цена. БО ден подразбира престој на 3 и повеќе денови. За престој до 3 дена цената се зголемува за 20%. Во цената БО ден не е вклучено: Магнетна терапија, мануелна масажа на цело тело и бањање во купатило “Шљивак”. НАПОМЕНА: Во случај на раст на цените на повеќе од 10% го задржуваме правото на корекција на цената.