8-МИ МАРТ ЦРНА ГОРА
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 € / 6.150 ден
СВЕТИ СТЕФАН – БУДВА – ТИВАТ – ХЕРЦЕГ НОВИ – ИГАЛО – КОТОР – ПЕРЕСТ
1 ден
05.03.2021 СКОПЈЕ – СВ. СТЕФАН
Состанок на групата на паркингот кај СЦ Борис Трајковски во 22.00 часот. Поаѓање за Будва во 22.30 часот.Се патува преку гр.премин Блаце, Приштина, Тирана, Подгорица со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Ноќно возење.
2 ден
06.03.2021 СВЕТИ СТЕФАН – БУДВА – ТИВАТ
Посета на манастирот Острог кој е едно од најпосетуваните светилишта во Црна Гора и на Балканот, кој датира од XVII век основан од Василиј Острошки.Пристигнување во Будва во попладневните часови. Разглед на градот: прошетка на стариот дел на градот во кои се наоѓаат најважните културно-историски споменици, цитадела, градските ѕидини, Музејот, Галеријата, спомен куќа на Стјепан Митров Љубиша, цркавата Св.Јован Крстител, цркавата Св.Иван цркавата Св. Сава, марината, полуосторвот Св. Стефан. Сместување во Вила Монте Рио. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Вечера. Ноќевање.
3 ден
07.03.2021 ТИВАТ – КОТОР – ПЕРАСТ
Појадок. Го напуштаме хотелот. Слободен ден. Предлагаме факултатувна посета кон КОТОР и ПЕРАСТ со локален водич. Прошетка низ стариот дел на градот Котор , денеска под заштита на Унеско. Град кој е опколен со моќни зидини од времето на Венецијанската окупација во 15 в. Слободно време за индивидуални прошетки. Продолжуваме накај Пераст, најголемиот споменик на Бока Которска, приморско гратче, цело во камен, со барокни палати, цркви и автентични камени куќи. Можност за посета на минијатурното островче крај Пераст со бродче. Островот е вештачки, направен е во 15 век и е наречен Госпа од Шкрпјела. На островот е изграден храмот посветен на Богородица… според преданието браќата Моршиќи во Рисанскиот залив на 22 јули ја пронашле сликата на Богородица, па Пераштанци во 1452 година одлучиле на тоа место да изградат православен храм посветен на Богородица. Враќање во Перадст. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Вечера *. Ноќевање
4 ден
08.03.2021 ХЕРЦЕГ НОВИ/ ИГАЛО – СКОПЈЕ
Појадок. Предпладне одиме на факултативно посета на Херцег Нови и Игало , со траект преку Бока Которскиот залив (со локален водич), стар повеќе од 600 год. Поради многуте сончеви денови го има добиено називот “Град на сонцето“. Град на мимозите и прекрасен стар град со калдрмисани улички, стара тврдина Forte Mare, Kanli kula (“кравава кула“) од времето на Османлиите, плоштадот Белависта со црквата на Свети Архангел Михаил, Саат кулата подигната по наредба на Султан Махмуд во 17 в. Низ пролазот на Саат кулата се наоѓа се наоѓа скулптура на Света Марија наречена Црна Богородица бидејки е работена од нагорено дрво. Тука е и тврдината Шпањола, изградена во 16 век од Шпанците а покасно Турците обновиле. Изградена на 170 м.н.в. со прекрасен поглед на Бока Которскиот залив. Продолжуваме накај Игало, некогаш најелитниот Спа центар. Можност да се посети прочуената Вила ГАЛЕБ на ТИТО, градена 1976г. Се посетуваат просториите во кои Тито со своите соработници ги одржувал состаноците и гледал филмови. Се посетуваат и апартманите на неговите блиски соработници како и неговиот и апартманот на неговата сопруга. Влезница 3 евра). Во вечерните часови поаѓаме кон Скопје. Се патува покрај Будва, Петровец на море, Подгорица, Тирана, Приштина. Ноќно возење.
5 ден
09.03.2021 СКОПЈЕ
Пристигнување во раните утрински часови.
Цената вклучува:
Високо туристички автобус на наведената релација, со авионски седишта и појаси
Сместување на база 2 ноќевања со појадок во хотел PALMON BAY RESORT & SPA 4 https://www.palmonbayspa.com/
Користење на Спа центарот во хотелот
Посета и прошетка низ Будва,Тиват, Котор
Организација на аранжманот и туристички пратител на групата од агенција
Цената не вклучува:
Доплата за ПОЛУПАНСИОН ( 2 вечери ): 750 ден, наша препорака. Резервација и уплата во агенција.
Доплата за еднокреветна соба 2100 ден
Задолжително патничко и здравствено осигурување 175 ден.
Влезници за културно историските споменици
Целодневен излет Херцег Нови/Игало со локален водич, автобус, траект 15 евра
Посета на Котор и Пераст со локален водич, автобус: 15 евра
Туристичка такса 250 ден, се плаќа во агенција.
Напомени:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 25 патници.
Плаќањето се врши исклучиво според денарската цена
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
ТА НОСТАЛГИЈА ТРАВЕЛ е посредник на патувањето.