8- МИ МАРТ

8-ми Март Истанбул 2021

8-ми Март- Истанбул

Термин: 04-07.03.2021

Цена на аранжманот: 79€ / 4900 денари

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Го обликувале четири силни цивилизации, грчка, римска, византиска, османлиска. Денес Истанбул претставува велеград со преку 20 милиони жители, кои работат и живеат на двата континента.Модерниот плоштад Таксим, или квартовите Бејоглу и Османбеј, ке направат да се чувствувате како во било која светска метропола, додека прошетка низ плоштадот на Султан Ахмет, неизбежно ќе ве врати илјада години назад низ времето: ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да најдете испреплетено и нераскинливо поврзување како во Истанбул. Истанбул е збир од знаменитости и музеи, звуци од галеби и улични продавачи, вкусови на традиционална храна. Истанбул е историја! Истовремено и најдобар пример за разликата меѓу сјајот и бедата на еден град, на една цивилизација.

ПРОГРАМА:

1-ри ден: 04.03.2021

Поаѓање во попладневните часови . Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.

2-ри ден: 05.03.2021

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локален водич пред хотел. Програмата започнува со панорамска обиколка на Истанбул. Посета на паркот Беилербеи во Азискиот дел на Истанбул. Продолжуваме со пешачка прошетка во историскиот центар Султанахмет. Разгледување на знаменитостите на хиподром. По можност посета на Сината џамија – единствена со 6 минариња. Следи факултативна посета на Топкапи палатата. Оваа исклучително важна палата била седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетуваните музеи во „Главниот град на светот“. Топкапи Сарај е подигнат во средината на 15-тиот век, по наредба на султанот Мехмед II „Освојувачот“. Градбата била направена врз старо византиско утврдување, а дел од камените столбови, како и кадата во која се крштевале византиските цареви се се уште зачувани и претставуваат дел од културното наследство, кое е под заштита на УНЕСКО од 1985 година.

Можност за посета на Аја Софија или Света Софија позната и како Црква на светата мудрост – единствен храм на светот кој бил црква, џамија, музеј и повторно црква. Изградена е во 537 година и како православна црква функционирала се до 1204 година, кога станала католичка црква. Во 1261 година повторно ќе стане православна, за во 1453 година да стане џамија, се до 1953 година кога Аратурк решава да ја претвори во музеј. Сега повторно храмот добива православен сјај.

Можност за попатна посета на Капали чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриена улица и над 300 продавници. Цените во Капали чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види само како значаен локалитет во Истанбул. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта, факултативна турска традиционална вечера на брод по Босфор со целосно мени и програма. Ноќевање.

3-ти ден:  06.03.2021

Појадок од 07.00 до 08.30. Во 09.00 започнува програмата. Факултативна посета на палатата Долмабахче кој е еден од најраскошните дворци во светот. Дворецот е скапоцено богатство на Турција. Слободно време или факултативно крстарење по Босфор со локален водич. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате во Европскиот брег на Босфор до тврдината Румелија Хисар. Ќе имате можност да ги фотографирате прекрасните Долмабахче, дворецот Јилдиз, Чифте Сарај. Потоа бродот се упатува ко Азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили каде се снимени повеќето од турските серии.

По завршувањето на крстарењето следи посета на облакодерот Сафир – највискоата зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште каде се протега неверојатна глетка кон градот и Босфор во 360 степени. Уникатна авантура се дополнува со можност да се вклучите во SkyRide – 4D зачудувачка симнулација на лет со хеликоптер над Истанбул и да се допре до знаменитостите на градот. Скај бар нуди извонредна глетка со филџан мирисно турско кафе меѓу облаците на Истанбул. Слободно време за фотографирање. Враќање во хотелот и слободно време за индивидуални активности.

Навечер, факлутативна посета на најпопуларниот плоштад во Турција – Таксим и улицата Истиклал која води до Галата кулата кои се посетувани од над 3 милиони посетители дневно. Слободно време за разглед на Галата кулата, шопинг во многубројните продавници, вечера во некој од рестораните или пак пијалок во кафуле. Враќање во хотелот. Ноќевање.

4-ти ден: 07.03.2021

Појадок. По појадокот одјавување од хотел и тргнување кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум Florya кој нуди разглед на разнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашува. Сеупатуваме кон градот Едирне со посета на Outlet – Margi. Мал одмор и тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните/ утринските часови.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Две ноќевања со појадок во хотел 3* во близина на Капали чаршија
  • Панорамска обиколка на Истанбул со локален водич
  • Посета на паркот Беилербеи
  • Разглед на Хиподромот и плоштадот Султанахмет
  • Посета на Оutlet во Едрине
  • Придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНO: 

  • Патничко осигурување – 150 денари
  • Влезници за музеите
  • Топкапи палата – 20€
  • Дворецот Долмабахче – 25€
  • Крстарење по Босфор – 15€
  • Облакодерот  Сафир, со вклучен билет за панорамско игралиште и 4D кино – 20€
  • Трансфер на плоштадот Таксим – 10€
  • Аквариум Florya – 20€
    Пакет факлутативи – 95€ (Гратис-Крстарење по Босфор)

Дополнителна можност за вечера на брод – по договор со придружникот во автобус

Важно: Патувањето е од туристички карактер, задолжително минимум 2 факултативи.

Придржување на мерките за Covid-19 ќе бидат во целост запазени.
Патувањето се реализира преку Бугарија- транзит до Турција

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • ВАЖНО: Пасошот мора да има задолжителна важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
  • Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
  • Со оваа програма важат Општите услови на СКТМ.